AutoCAD: Што е и зошто се користи?
- мај 8, 2020
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Блог за дигитални вештини ,
Секој што е во светот на архитектурата или инженерството знае за AutoCAD. Тој е еден од најпрепознатливите софтвери за дигитален дизајн и во двете индустрии. Корисниците на софтверот AutoCAD можат да создадат детален цртеж што им го покажуваат на клиентите за да знаат точно што тие може да очекуваат.
Најпрво, што значи терминот CAD?
CAD, или Computer Aided Design, во буквален превод би значело компјутерски-помогнат дизајн. Всушност, тоа опишува употреба на компјутерски системи (или работни станици) за олеснување и подобрување во креирањето, модификацирањето, анализирањето и оптимизирањето на еден дизајн во разни проекти, без оглед дали се компоненти, или комплетни архитектонски планови.
Што е AutoCAD?
AutoCAD е една од најстарите и најпопуларните програми за техничко цртање и дизајнирање на дводимензионални и тродимензионални проекти. Програмата има историја од над 30 години, а за прв пат се појавува во 1982 година. Се јавува како резултат на долга еволуција во користењето на дигиталните технологии во процесот на дизајнирање.
Пред појавата на AutoCAD, CAD програмите биле достапни само на mainframe компјутери, а секој корисник на CAD програмата морал да пристапува на програмата од посебен графички терминал. Поседувале таков хардвер што единствено големите компании можеле да го користат, и тоа било голем проблем.
AutoCAD потекнува од програма наречена Iteract CAD, која е на Autodesk. Верзијата 1.0 на AutoCAD се појави во декември 1982 година и била водечки производ на Autodesk во тоа време. До март 1986 година (помалку од четири години), програмата веќе прераснала во најпопуларното решение за CAD во светот.
Програмерите на Autodesk очигледно имаат вистинска визија за развојот на нивниот производ, бидејќи денес и понатаму останува водечки CAD софтвер достапен за сите главни платформи за компјутери: Windows, Linux и Mac, па дури и за директна работа на веб, како и мобилни платформи.
Бенефити од користење на AutoCAD
- Способност да произведува многу реални и прецизни дизајни.
- Цртежите можат да бидат креирани во 2D или 3D и да се ротираат.
- Други компјутерски програми можат да бидат поврзани со софтверскиот дизајн.
- AutoCAD како алатка за планирање на архитектурата: им овозможува на архитектите да дизајнираат, планираат, извршуваат и анализираат јачина на една зграда, на ниво на дизајн.
- AutoCAD како инструмент за инженеринг: Им помага на инженерите да дизајнираат, анализираат и решаваат проблеми поврзани со дизајнот, што резултира во точни дизајни.
- Auto CAD како алатка во 3Д печатење: 3Д печатењето има свои предности за дизајнерите и за овој софтвер им помага. Дизајните можат да се извезуваат во различни формати.
- AutoCAD во модната индустрија: Ги има потребните алатки за планирање на дизајни за производство на накит, играчки и други деликатни предмети.
- AutoCAD како алатка за индустриски дизајн: Помага да се намалат производните трошоци бидејќи заштедува време и напори потребни за рачно дизајнирање.
Всушност, во денешно време, вештините на AutoCAD се високо ценети во многу индустрии, вклучувајќи архитектура, инженеринг, дизајн на производи и многу други индустрии. Како и да е, може да биде многу тешко да се справите со софтверот – особено ако сте целосен почетник. Има многу што да научите кога станува збор за командите на AutoCAD, прилагодувањето, па дури и целокупниот интерфејс.
Имајќи го ова во предвид, SourceMX Academy изготви онлајн курс за AutoCAD. На овој курс, ќе ги научите основите на AutoCAD чекор-по-чекор, како и команди и можности што можете да ги употребите и совладате за да станете вистински експерт за AutoCAD. Обуката е погодна за почетници, а на крајот на курсот секој од вас ќе има доволно вештини за создавање на готов производ, користејќи ја методологијата на работа стекната за време на курсот.