6 Возбудливи Instagram Новости Кои Доаѓаат во 2020
- јуни 17, 2020
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Digital Marketing , Facebook & Instagram Marketing ,
Инстаграм е една од најбрзо растечките социјални мрежи која секогаш е прва во претставувањето на нови функции за корисниците. Платформата се развива речиси на неделно ниво задоволувајќи ги вкусовите и очекувањата на сите корисници.
Доколку сакате да го задржите вниманието на вашите следбеници на оваа платформа, треба да се прилагодите на сите промени, а и да останете креативни во целиот процес.
Токму затоа за вас ги одбравме некои од најновите додатоци на платформата кои можат да ви бидат од корист за да ја подобрите вашата социјална стратегија.
Instagram новост #1: Facebook Shop
Facebook направи огромен чекор во светот на е-трговија започнувајќи со Facebook Shop. Оваа нова функција им овозможува на малите бизниси да градат онлајн продавници на Facebook и Instagram, па дури и да тагираат односно означуваат производи за време на преносите во живо. Овие виртуелни продавници на Facebook и Instagram се многу прилагодливи и ќе може да изберете кои производи сакате да ги прикажете, да креирате каталог, да одберете соодветна слика и бои кои акцентираат на вашиот бренд.
Facebook соработува со Shopify, BigCommerce, Woo, Advisor Advisor, CedCommerce, Cafe24, Tienda Nube и Feedonomics за да им помогне на брендовите да ги внесат своите производи во продавницата на Facebook. Бизнисите можат да ги користат овие платформи на трети страни за да управуваат со својата продавница на Facebook.
Facebook исто така тестира начин како да им помогнат на малите бизниси да создаваат и управуваат со програма за лојалност на продавниците.
Продавниците на Facebook се подготвуваат да бидат едни од најважните лансирања по Instagram Stories во 2016 година!
.
Instagram новост #2: Instagram Shop
Instagram Store отвора целосно ново искуство за купување на Instagram. Откако оваа функција ќе биде пуштена, ќе бидете во можност да пребарувате во изборот од вашите омилени брендови да филтрирате по категории и да купите и сето тоа од едно место.
Instagram оди еден чекор понатаму и за да им служи на производите и брендовите го има креирано каналот @shop со кој ве инспирира и ви дава најразлични препораки за производи со најразлични опции за филтрирање. Instagram Store брзо ќе стане дестинација за пребарување и купување поради тоа што на едно место може да најдете инспирациај а истовремено и да направите шопинг.
Instagram новост #3: IGTV Ads
Instagram конечно им дава можност на креаторите на видеа да заработат пари од содржината што ја споделуваат на IGTV – доста барана карактеристика од Instagram заедницата. Лансирањето на видео реклами е голема вест за платформата. Ова е првпат “креаторите” да можат да заработат пари директно од IGTV од нејзиното лансирање во 2018 година. Меѓу првите брендови што го тестира овој тип на реклами се IKEA, Puma и Sephora.
Нема подобро време да го пренасочите фокусот кон вашата IGTV стратегија.
Instagram Feature #4: Live Shopping
Instagram Live доживеал преродба за време на COVID-19. Всушност, Фејсбук објави зголемување од 70% во погледот во живо од февруари до март бидејќи креаторите и брендовите пронајдоа нови начини како да ја користат и прифатат платформата за време на социјалното растојание. Тоа придонесе Facebook да објават новости поврзани со Instagram Live кои ќе помогнат во поддршката на малите бизниси и заедниците во ова време.
Наскоро, продавачите, брендовите и креаторите ќе можат да обележуваат производи од нивниот Facebook Shop или каталог пред да одат во живо и тие производи ќе бидат прикажани на дното на видеото за луѓето да можат лесно да кликнат за да дознаат повеќе и да купуваат.
Сега можете да добиете совети за купување во живо од домаќинот – што значи дека можете да имате живо Q&A сесии со вашите следбеници, да споделите детали за производот или да го презентирате производот, сите со линк во живо ќе имаат можност да го купат производот кој ќе биде прикажан за купување на дното од екранот.
Facebook овој месец ќе ја тестира оваа нова опција со избраните бизниси на Facebook и Instagram, а ќе следат дополнителни информации.
Instagram Feature #5: Messenger Rooms
Messenger Rooms е новиот начин на зближување на заедницата на Instagram.
Како дел од објавувањето на Facebook Messenger, овој месец, корисниците на Instagram имаа можат да создаваат и да им се придружат на групни повици до 50 лица на апликацијата Instagram!
По зголемената побарувачка за видео повици за време на COVID-19, Messenger Room може да се креира кога корисникот сака, е тотално бесплатнo и нема никакви временски ограничувања.
Најдобрата вест е дека секој може да се придружи во собата на Messenger – не ви треба профил на Facebook или Instagram за да ја користите алатката.
Instagram Feature #6: AR Филтри и ефекти
Наскоро ќе можете да додадете AR филтри и ефекти на фотографии и видеа од вашиот телефон.
Можете да фотографирате со вашиот телефон, да поставите на Instagram Stories како и вообичаено, и потоа да го додадете филтерот додека уредувате!
Ова значи дека ќе биде многу полесно да управувате со естетскиот изглед на Instagram, ако се потпрете на филтрите за AR за да објавувате на Instagram Stories!
Додека не сите AR филтери и ефекти ќе ја имаат оваа функција, од Facebook велат дека ќе ги претстават овие нови способности кои ќе им овозможат на креаторите да изградат AR ефекти кои ќе изменуваат слики и видеа што претходно водеа надвор од Instagram апликацијата.
Како ќе ја одржувате социјалната стратегија за Instagram во 2020 година?
Доколку немате идеи, ви нудиме помош и запознавање со сите новости за Instagram и Facebook на нашиот курс за Facebook & Instagram Ads.