Во 2019-та година, креатор на содржина стана професија која е прилично профитабилна доколку се работи правилно. Во претходниот блог пост зборувавме за совети како да пишуваме креативна и квалитетна содржина, а во овој блог пост споделуваме некои од најдобрите начини како да заработувате солидна сума како креатор на креативни содржини. Преку предавање курс до нудење ексклузивна содржина, споделуваме 4 едноставни начини.

1. Креирајте Курс

Како последица на ситуацијата, сите ја сфативме важноста на онлајн учењето. Платформи како Udemy, Skillshare, па и SourceMX Academy, станаа особено популарни и важни за да децата и возрасните се стекнат со нови вештини.

Станувањето онлајн предавач, тутор или инструктор, како сакате, е всушност полесно отколку што можеби мислите. Во SourceMX Academy, повикот за онлајн инструктор е секогаш отворен (провери овде), бидејќи сакаме да соработуваме со луѓе кои имаат што да споделат.

Предности:

  • Добивате 100% од договорениот профит
  • Може да создадете автоматски систем за генерирање пасивен приход

 

Негативности:

  • Огромна инвестиција во време во градење на производот (презентации, задачи, домашно, вежби, итн.)
  • Интензивно посветено време на часевите
  • Дистрибутивен канал за вашиот курс

2. Понудете ексклузивна содржина

Доколку се сметате за креативна личност која често објавува содржина во било каков вид и веќе имате голем број на следбеници на некоја од социјалните мрежа, и имате формирано еден вид на заедница, многу лесно може да и понудите на вашата заедница ексклузивна и креативна содржина која ќе ви биде платена. На тој начин може да го зголемите бројот на следбеници, а во исто време и да заработувате.

Еден од многуте начини како да го направите тоа е да користите платена платформа за членство како што е Patreon. Patreon е платформа за членство за уметници и креативци да заработуваат пари – можете да организирате ексклузивна содржина за вашите искрени следачи. Над 150.000 креативци ја искористуваат платформата Patreon и заработуваат месечно од својата креативност.

Може да креирате анкета пред да се одлучите на овој чекор со цел да добиете директен фидбек од вашата заедница што тие би сакале да видат од вас и дали тие сакаат да плаќаат месечно за дополнителна и ексклузивна содржина.

Можеби ќе бидете изненадени од тоа колку членови на вашата заедница би биле подготвени да потрошат месечно за да добиваат ексклузивна содржина од вас.

Потоа треба да направите добро истражување што да понудите во зависност од вашиот бренд и што публиката сака од вас. Вашата креативност нема границии, можете да објавите видеа, подкасти, статии, блогови, фотографии, графички дизајни и многу повеќе. 

Предности:

  • Месечни периодични приходи
  • Одличен начин да се поврзате со повеќето ваши следбеници

 

Негативност:

  • Високи провизии за трансакции
  • Повеќето луѓе ќе донираат најниска сума (околу $1 на месец)

3. Реклами за социјални медиуми

Друг начин за да заработите пари како изработувач на содржина е преку креирање креативна содржина за реклами. Може да креирате реклами за Instagram, Facebook, IGTV, Google Ads банери, YouTube, итн.. Постојат безброј начини да креирате материјали за реклами, а и лесно може да најдете начин да ги продадете истите. Важно е да бидате креативни и иновативни и да ја пренесувате вистинската порака до крајните корисници.

Предности:

  • Едноставно за креирање (со оглед на тоа дека сте креативни и имате искуство со креирање вакви материјали за реклами)

 

Негативност:

  • Немате контрола на содржината што ќе се бара од вас да ја креирате

4. Спонзорства за брендови

Овој тип на зараборка вклучува бизнисите да ви плаќаат одредена сума за да ја промовирате нивната марка. Како што сè повеќе креатори на содржини почнаа да се појавуваат, брендовите почнаа да ги забележуваат. Секако дека бизнисите би можеле да платат за реклама на некоја случајна апликација или веб-страница, но пораката пренесена од креаторот ќе резултира со 10 пати поврат на инвестицијата, затоа што креаторот има следбеници кои го ценат неговото мислење и препорака.

Земете во предвид дека, ако вашиот омилен YouTuber ви кажеше за нов кул крем за лице, најверојатно ќе имаше 10 пати поголема веројатност да го купите отколку да видите реална реклама.

Спонзорствата за брендовите се огромни. Се појавија десетици компании, создавајќи пазари за влијателни лица да се поврзат со брендовите.

Забелешка: Како инфлуенсер, потребни ви се најмалку 5000 следбеници за да се приклучите на пазарот.

Како предности на овој тип заработка може да наведеме:

  • Добра заработувачка
  • Бесплатни производи

 

А како негативности:

  • Потребна е голема и критична маса на следбеници пред брендовите дури и да размислат да дојдат до вас.
  • Повремено ќе се бара од вас да одобрувате производ што можеби не уживате активно да го користите.

Има еден куп начини за создавачи на содржина да заработуваат на Интернет од дома во 2020 година. Трите главни начини на заработка се преку рекламирање, донации и продажба. Може да одберете еден начин или да се обидете да ги испробате сите овие начини. Единствениот начин да дознаете е да експериментирате и да пробате со кој начин најдобро ќе ја задоволите вашата публика.