Што велат студентите за SMX – Орхидеа Шуплиноска студент на Data Analysis Academy
- јануари 24, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis Student Experience
- Зошто Академија за Data Analysis во SMX? Која беше твојата мотивација?
Брзиот развој на фармацевтската индустрија и технологијата ме мотивира да пронајдам професија која ги поврзува овие два сектори, а воедно да се пронајдам како фармацевт во IT оддел, како што е пошироко познато – Healthcare Data Analyst. Од аспект на здравствениот сектор апликативноста на професијата како Data Analyst е огромна и тоа опфаќа здравствени институции, фармацевтски индустрии, фармацевтски компании кои што работат со клинички студии, истражувачки институти, здравствени осигурителни компании, консултантски компании, компании за електронско водење на медицинска документација итн. SMX ми го привлече вниманието со тоа што нуди курс со времетрање од 4 месеци кој што ќе ми овозможи да ги спојам овие две работи, односно за краток временски период да се здобијам со опширно знаење за анализата на податоци со Python, SQL и Power BI.
- Од досегашните обработени модули, SQL, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Мојата првична идеја беше да го научам програмскиот јазик Python, но со тек на време, како што се обликуваше мојата замисла за професионален напредок, сфатив дека Data Analyst бара познавање и од други модули. Иако и другите околини како што ги поминував се повеќе ми стануваа поинтересни, за мене сепак се издвојува Python затоа што е лесен и достапен за учење за почетници.
- Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Најголем предизвик ми се роковите за домашните задачи, но со правилно распределување на времето, постигнувам навремено и успешно да ги завршам и секако со следење на главната мотивација за крајната цел. Во суштина, домашните задачи се доста интересни и сеопфатни и ни се од огромно значење затоа што не стимулираат да го искористиме знаењето и сопствената логика.
- Како би го опишала твоето искуство на Академијата?
Инспиративно за себе си затоа што совладувам материјал кој што е далеку од фармацевтската наука и за мене досега непознат. Но сепак, за тоа се заслужни планот на програмата и насоките од предавачот кои што не упатваат како креативно и логично да размислуваме при кодирање.
- Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Мојата главна визија е да работам со обработка на податоци во клинички студии, затоа што имам работно искуство со клинички студии и имам претстава за позадинската обработка на податоците од една клиничка студија. Но, и покрај тоа што имам во позадина фармација, не би се ограничила само на анализа на податоци во здравствениот сектор и фармацевтската индустрија, иако тоа би преферирала, сепак би разгледала и други опции, односно анализа на податоци и во други сектори. Секако, доколку е потребно би се надоградувала и со дополнителни специфични курсеви, во зависност од потребата на работната позиција.
- Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Data Analyst како професија е доста барана, а со оваа 4 месечна академија добивате отворени врати во многу компании. SMX топло го препорачувам затоа што мојот впечаток е тоа дека се состои од многу добро организиран тим којшто е секогаш достапен за прашања и отворен за прилагодувања на потребите на групата од студенти. Иако можеби не сте во сферата на програмирање, пробајте да ги искористите капацитетите кои што никогаш не сте ги откриле. If you never try, you will never know what you are capable of! – John D. Barrow
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/