Што велат студентите за SMX – Васко Стојаноски студент на Data Analysis Academy
- јануари 24, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Јас сум Васко од Велес, по професија сум дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност. Пред запишување на Академијата имав некое неформално познавање од SQL, што разбуди интерес кај мене да дознаам повеќе за Data Analysis и воедно беше една од причините да се одлучам за преквалификација и започнување на кариера како Data Analyst.
2. Зошто Академија за Data Analysis во SMX? Која беше твојата мотивација?
Случајно наидов на објава на Facebook, откако ја отворив бев пренасочен кон вашата веб страна, каде што имав можност да ги видам сите курсеви и академии кои што вашиот едукативен центар ги нуди. Забележав дека нудите Академија за анализа на податоци за која веќе некое време имав желба да запишам. Откако прочитав неколку статии, сфатив дека станува збор за сериозна организација која би ми помогнала да се стекнам со потребното знаење и вештини за Data Analysis.
3. Од досегашните обработени модули, SQL, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Како најинтересен модул би го издвоил SQL, кој е структуриран табеларен јазик и со чија употреба може да се извлечат најразлични информации и заклучоци од одредена база на податоци.
4. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Со оглед на тоа дека обемот на материјалот што се изучува може да биде доста голем, честопати се случуваше некои од работите кои што ги имав научено на часот да ги заборавам. Но, како и со сите други работи, колку повеќе вежбав, толку полесно ми беше да ги запомнам работите. Кога станува збор за кодирање, единствениот начин да бидете успешни е да пишувате што е можно повеќе код.
5. Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Инструкторот создава пријатна атмосфера за работа секој час, никогаш не сум се почувствувал непријатно да прашам нешто, затоа што сечие прашање било одговорено без никаков проблем и без притоа некој да се почувствува посрамотено. Исто така, координаторот е секогаш овде за да се осигура дека се тече како што треба. Редовно не прашува како ни оди одреден модул, дали ни прилега начинот на работа и дали темпото на изучување ни е соодветно. Кога имаме предлози во врска со нешто, секогаш се земени предвид и се прават соодветни промени што ќе одговараат на сите студенти. Пријатно сум изненаден од професионалноста, навременоста и инволвираноста на целиот тим и искрено Академијата ги надмина моите очекувања.
6. Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Ова е професија која се занимава со манипулација и обработка на податоци и визуелно прикажување на самите заклучоци, така што знаењето со кое ќе се стекнам на оваа Академија ќе ми овозможи успешно да ги комбинирам мојата аналитичка и креативна страна, без притоа да морам да компромитирам една од нив.
7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Следете ја својата интуиција, бидете проактивни и останете љубопитни. Ова е област која постојано се менува и бара континуирано учење и надградување, така што бидете подготвени да посветите многу време. Но, штом ќе се стекнете со соодветното знаење по завршувањето на модулите што ги нуди оваа Академија, можностите се бесконечни.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/