Како Excel стана толку популарен и зошто се уште е важна алатка во бизнисот
- мај 4, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Дигитални вештини
Независно од вашата работна позиција и функција, шансите се дека во текот на вашиот школски и академски, а потоа и кариерен период, програмата Microsoft Excel е една од програмите кои најчесто ги имате користено. Речиси секој софтвер кој работи со податоци ја има опција за експортирање на документот во Excel каде може дополнително да се обработуваат податоците. Но, не само тоа, широката примена на Excel е и во секојдневието, од правење едноставни листи и пресметки за лични потреби, до комплексни табели преку кои може да се следат сите финансии на една фамилија или бизнис.
Од своето прво објавување во 1985 година, Excel веќе 37 години доминира на пазарот и се претпоставува дека над 500 милиони луѓе активно го користат, што го прави една од најкористените програми во светот.
Excel направи бум во бизнис светот, особено со верзиите во 90тите и 2000те, поради додавање многу додатоци и опции со кои работењето во програмата е значително олеснато. Преку алатките за 3-D графикони, кратенки, автоматизирани чекори, Excel стана идеална програма за зачувување и обработка на податоци кои потоа се користат за пресметки и анализа, особено поради тоа што лесно може да се примени во речиси секој бизнис процес.
Како бизнисите денес може да го користат Excel?
- Забрзување и олеснување на административни задачи
Секој бизнис е затрупан од административни задачи кои не само што одзимаат време за завршување, туку и прават проблем и со доаѓање до најважните информации поради неорганизираност и лоша евиденција.
Токму затоа, користејќи ги алатките што ги нуди Excel, можете дневните задачи како подготовка на фактури, евиденција на сметки, додавање листи на контактирани добавувачи и клиенти, пишување забелешки и следење на напредокот, сето ова да го сместите во еден Excel документ кој многу брзо и лесно ќе ви ги претстави најпотребните информации.
- Следење и мониторирање на финансиските биланси
Преку креирање на извештаи за следење на главните финансиски индикатори, како приходи, трошоци и готовински тек, бизнисите имаат многу појасна слика за финансиската успешност, што може да помогне при процесот на донесување поголеми одлуки или планирање на идни проекти.
- Менаџирање на поголеми проекти
Иако дел од компаниите веќе користат посебни софтвери за project management, сепак Excel е сé уште доста користен програм, токму поради едноставниот и препознатлив интерфејс.
Преку користење на неколку познати методологии или техники, како Гант графикот, можете сите задачи во еден проект да ги напишете во Excel, потоа секоја од нив да ја претставите во време, да и зададете тешкотија и да обележите кој од тимот треба да ја сработи таа задача. На тој начин, многу лесно може да следи дали проектот ги постигнува зацртаните цели и рокови.
Како може Excel да помогне при наоѓање нова работа?
Знаењето и усовршувањето во Excel не е бенефит само за бизнисите, туку и на индивидуално ниво може да направи голема разлика при вашата потрага за нова работа.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои добро го владеат Excel, можат да добијат дури 10% повисока плата како резултат на тоа, а во некои области како бизнис аналитичари, дата аналитичари, тоа може да направи уште поголема разлика.
Добрата вест е што многумина сакаат да го користат Excel! Но, лошата вест е што повеќето сепак не го владеат на посакуваното ниво и не го користат доволно ефикасно.
SMX Academy веќе повеќе од 2 години организира курс за напреден Excel во кој се изучуваат сложени формули, најкорисните функции како Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp, потоа опфаќаме и What-If анализи, за да завршиме со најбараните Pivot табели кои се од голема корист за бизнисите. Прочитај повеќе и пријави се на следниот термин преку страната на курсот.