Во неделата на 16-ти Јуни во просториите на SourceMX Academy се одржа бесплатен настан на тема JavaScript Frameworks and Libraries. На настанот дискутиравме за сите новости поврзани со програмскиот јазик ЈavaScript, како и за најновите Frameworks и Libraries.

Говорници на настанот беа:

Александар Туфекчиев

(Full-Stack Developer – работи со PHP за back-end и Vue.js за FrontEnd)

Зборуваше за Vue.js, за сите предности и недостатоци на овој framework. Преку различни статистики, Александар ни укажа на тоа зошто овој framework е толку популарен. Фактот го поткрепи и со едноставните примери кои ги наведе во својата презентација ставајќи акцент на тоа колку Vue.js може да го поедностави, намали и исчисти кодот. Исто така истакна и некои ресурси кои може да им бидат од помош на учесниците доколку сакаат да започнат со учење на Vue.js.

Ванчо Стојков

(JavaScript Engineer – работи со NodeJS и React)

Направи интересна компарација помеѓу Angular и React. Притоа јасно нагласувајќи ги разликите помеѓу нив, односно дека Angular е framework за mobile & desktop, додека пак React е library за градење на кориснички интерфејси. Преку едноставен пример беше прикажана разликата во синтаксата и структурата на кодот. Ванчо направи споредба и на перформансите, со новата верзија на Angular, Angular 8 се зголеми брзината и едноставноста додека пак од друга страна, React е исто така брз, но со додавање на повеќе така наречени пакети брзината може да се намали. Од статистиките кои ги прикажа, а се однесуваа на тоа колку пати се преземени React, Angular или Vue.js, React е пред другите. Во една друга статистика што беше прикажана, а се однесува на барање на работа според различни избори со мала предност, Angular му предводи на React кај поголем дел од изворите за работа додека пак Vue.js заостанува.

Александар Токарев

(Full-Stack Developer работи со Java за back-end и React за front-end)

Нѝ зборуваше за Virtual DOM и неговата моќ. Тој најпрво објасни што е тоа DOM (Document Object Model) и неговата структура на дрво, а потоа премина на објаснување на програмскиот концепт Virtual DOM. Преку примерите кои ги имаше во својата презентација, јасно беше прикажана моќта на Virtual DOM што произлегува од брзината што една веб страница може да ја има при вчитување доколку се користи. Тоа е така бидејќи кога една веб страница се вчитува се креира виртуелен дом, кога ќе се направат одредени промени се креира нов виртуелен дом со соодветните примени, понатаму двата дома се споредуваат во алгоритам и откако ќе се споредат, ќе се ажурираат само елементите кои имаат претрпено промена и ќе се пресликаат во реалниот DOM. Александар исто така зборуваше и за Shadow DOM укажувајќи на тоа дека Shadow DOM и Virtual DOM не е ист концепт. На крајот стана збор и за тоа што се веб компоненти и како со помош на нив може да креираме нови HTML-тагови за да ги користиме во веб-страници и веб-апликации.

На крајот од настанот се разви дискусија за тоа што нѝ носи иднината особено 5G интернет технологијата и како тоа ќе се рефлектира на брзината на веб страниците.

SourceMX во иднина планира да организира и други бесплатни настани на најразлични теми со искусни предавачи и експерти во своите области. Приклучете сѐ на нашата Facebook група за да ги следите сите новости за настани и курсеви.

ДОКОЛКУ САКАШ ДА ГИ ДОБИЕШ ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ ОД НАСТАНОТ НАПИШИ ГО ТВОЈОТ EMAIL ВО ФОРМАТА ПОДОЛУ