Пребарување
  • Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог

Кариера како Data Analyst? Зошто да!

  • август 26, 2022
  • Објавено од: Ѓорги Митев
  • Категорија: Data Analysis Дигитални вештини
Нема коментари

Светската библиотека на податоци достигна историски максимум во 2021 година. Само минатата година генериравме 79 зетабајти податоци.

Што значи сето тоа?

Повеќе податоци би значело повеќе иновации, што би значело и повеќе напредок за општеството.

Но, не е така едноставно.

Размислете за податоците како библиотека полна со книги. Имањето книги стуткани во една област е супер, но ефективно решение е само ако знаеме како да ги добиеме вистинските информации од тие книги и како да ги примениме истите.

Бизнисите имаат повеќе податоци од кога било досега. Тие имаат потреба од кадар кои ќе им објасни што значи сето тоа.

Тука стапуваат на сцена аналитичарите на податоци.

Која е улогата на Data Analysts?

Нивната улога е да ги собираат информациите и да најдат одговори и увиди во истите, кои би им помогнале на компаниите да донесуваат подобри одлуки.

Тие бараат значајни статистички наоди, ги формираат во увиди и создаваат писмени и/или визуелни извештаи кои би им помогнале на засегнатите бизниси постојано да учат и да ги применат наодите во нивните идни кампањи.

Анализата на податоци е брза, предизвикувачка кариера фокусирана на решавање проблеми и размислување надвор од спектарот.

Како аналитичар на податоци, ќе работите со неколку тимови на кои им требаат вашите вештини и знаења за да им дадете увид за тоа како можат да ги подобрат своите процеси.

Кој може да стане data analyst?

Многу аналитичари на податоци доаѓаат од аналитичко или техничко потекло, но во SMX откривме дека со напорна работа, секој може да стане аналитичар на податоци.

Постојат многу луѓе кои работеле во други индустрии како маркетинг, продажба, образование, финансии и ИТ каде потоа преминале во улога на аналитичари на податоци.

Дали анализирањето на податоци е барана професија?

Работодавците секојдневно се борат да најдат квалификувани аналитичари на податоци, а побарувачката за професијата продолжува да расте. Според студиите, бизнис аналитчарите, “data anlysts”, и “data scientists” се помеѓу најбараните вештини на пазарот на труд.

Ова само ја покажува зголемената потреба од претходно наведените вештини, бидејќи огромниот број на податоци кој ни е достапен денес директно влијае на паметните деловни модели во различни индустрии.

Дата аналитичарите се во константна еволуција.

Со денешните технолошки откритија, анализирањето на податоци е сет на вештини што постојано се развива и напредува.

Ова поле зема се поголем замав. Луѓето кои ги поседуваат тие вештини најчесто работат во стимулативна средина која развива и промовира иновативни концепти и методи.

Во кои индустрии можат да се работи како аналитичар на податоци?

Како аналитичар на податоци, може да работите за стартапи, големи корпорации како и ‘freelancing’. Анализата на податоци нуди широк спектар на можности низ најразлични индустрии.

Банкарство, малопродажба, ИТ и е-комерција се само неколкуте полиња каде што познавањето на аналитиката може да доведе до солидна предност од конкуренцијата на пазарот и да ја обезбеди вредноста на самите компании.

Сите клучни одлуки во денешно време поминуваат низ анализа на податоци. Ако одлучите да преминете и да ја прифатите таа улога и професија, подгответе се да придонесувате кон клучните деловни одлуки за оделот во кој работите.

Анализирањето на податоци ја претставува иднината во бизнис светот.

Речиси сите компании собираат податоци за своите клиенти, а правилното знаење како да се интерпретираат таквите податоци добива сè поголемо значење.

Аналитичарите на податоци дефинираат како функционира бизнисот. Нивната задача е да бараат промени, да идентификуваат шеми и да забележат аномалии кои покажуваат како функционира една компанија или организација. Сето тоа им помага на компаниите да носат поквалитетни одлуки кои директно придонесуваат на профитот како и на квалитетот на понудениот производ.

Како да станете data analyst и да работите во полето на вашите соништа?

Во SMX организираме напреден курс за анализа на податоци, со времетраење од 12 недели. Курсот ве води од ниво на почетник до некој кој може да започне да аплицира за работа како аналитичар на податоци.

Нашата програма ќе ти помогне да ги научиш основите на SQL и Python, каде ќе совладате како да креирате база на податоци во која ќе можете да вметнете ваши податоци. Преку добро подготвен теоретски материјал, ќе се запознаете како да управувате, групирате, и како да ги издвојувате најпотребните информации и да правите финални извештаи со истите. Имаме алоцирано само неколку слободни места и сме во можност да прифатиме само одреден број на кандидати.

Прочитај повеќе и пријави се  ОВДЕ !

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства
  • Стани инструктор

SMX е официјално CPD акредитиран едукативен центар

Image 1
Image 2

Поддржано од

Image 3
© SMX 2024
Sign In
The password must have a minimum of 8 characters of numbers and letters, contain at least 1 capital letter
Запомни ме
Sign In Регистрирај се
Restore password
Send reset link
Password reset link sent to your email Close
Confirmation link sent Please follow the instructions sent to your email address Close
Your application is sent We'll send you an email as soon as your application is approved. Go to Profile
No account? Регистрирај се Sign In
Lost Password?