Курс за дизајнирање со AutoCAD
Научи да работиш со една од најпознатите програми за проектирање, скицирање и дизајн
Времетраење: 6 предавања
Ниво: основен
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е AutoCAD?
Зошто АutoCAD?
Курс за AutoCAD
Што е AutoCAD?
AutoCAD е една од најпопуларните програми во светот за проектирање, скицирање и дизајнирање. Ова воедно е и една од најстарите програми за техничко цртање и дизајнирање на дводимензионални и тродимензионални проекти. Програмата има историја од над 30 години, а за прв пат се појавува во 1982 година. Се јавува како резултат на долга еволуција во користењето на дигиталните технологии во процесот на дизајнирање.
Зошто АutoCAD?
Секој кој сака да се занимава со архитектура, инженерство, градежништво, дизајн и слично, треба да знае да работи со AutoCAD. Програмата се користи за правење концепти од идеи, проекти, продукт дизајни, брзи пресметки за дизајни, симулации во производителната индустрија, скици и за правење цртежи со висока техничка прецизност.
Курс за AutoCAD
На нашиот курс ќе ги научите основите на AutoCAD чекор-по-чекор, како и команди и можности што можете да ги употребите за изработка на најразлични дизајни и проекти. Обуката е погодна за почетници, а на крајот на курсот секој учесник ќе има доволно вештини за создавање на готов производ, користејќи ја методологијата на работа стекната за време на предавањата.
Запознај го инструкторот:
Ивица Мирчевски - Mechanical Engineer
Ивица е дипломиран универзитетски инженер по машинство. Тој е сертифициран инструктор за AutoCAD и има огромно искуство во предавања на оваа материја. Искуството со оваа програма на Ивица му доаѓа од големиот број на проекти кои ги има тој зад себе.
SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов
Ѓорги Митев
Александра Витанова
Ана Стоилкова
Христина Колова
Теодора Дузлеска
Росана Костадинова
Previous
Next
Што имаме постигнато
години постоење
0
курсеви организирано
0
+
учесници
0
+
компании со кои соработуваме
0
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.
Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!
Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна
"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."
Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.
Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!
Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!
Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.
Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.
Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Кои се бенефитите од користење на AutoCAD?
За кој е наменет овој курс
Архитекти, градежни инженери, дизајнери
Студенти на машински, градежен, архитектонски факултет
Секој што сака да научи да ги користи алатките на AutoCAD
Секој што сака да го надополни своето CV со нова вештина
Претходни термини
Што имаме постигнато со курсот за AutoCAD
Курсот низ бројки
термини организирано
0
+
учесници
0
+
Задоволни учесници
“Сакам да ви искажам огромна благoдарност за организацијата и задоволство од посетата на курсот. Во однос на академијата бевте професионални и организирани. Сите часови навреме почнуваа и завршуваа, а во друг случаj информациите ги добивавме навреме.
Ивица беше одличен предавач, со многу позитивна енергија, кој успеа да ни го пренесе своето знаење, па дури и јас кој сум лаик во областа да научам многу.
Ви посакувам да организирате уште многу вакви курсеви, исто толку успешни и со исти такви предавачи. Па дури и многу подобри!”
Јас сум презадоволна од курсот. Искрено, не очекував дека од онлајн курс да научам толку многу. Инструкторот Ивица беше многу јасен и многу внимателен.
Се надевам дека ќе се гледаме пак во други курсеви. Ви благодарам за се!
Previous
Next
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
07.06.2023
Времетраење:
6 предавања по 120 минути
Распоред:
од 19:00 до 21:00 часот (Пон, Среда, Петок)
Цена:
3.300 денари