Курс за Content Writing
Научи како се пишуваат квалитетни содржини (текстови, статии, блогови, објави)
НАСКОРО СЛЕДЕН ТЕРМИН
Времетраење: 6 дена
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пријави се за следниот термин, нашиот тим ќе те контактира кога курсот ќе биде достапен повторно.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е Content Writing?
Зошто е потребна квалитетната содржина?
Курс за Content Writing
Што е Content Writing?
Content Writing или пишување содржина, е процес на планирање, пишување и уредување на текстови и содржини, најчесто за цели на дигитален маркетинг. Во content writing спаѓа пишување блог постови и статии, скрипти за видеа и подкасти, email newsletters, објави за социјалните мрежи, содржини за веб-страни и слично.
Зошто е потребна квалитетната содржина?
Целта на content writing е да се пишува содржина која за секој читател ќе биде лесна за читање и споделување.
Содржината која е тешка за читање ќе направи читателите да почнат да читаат, но за кратко да го изгубат вниманието. Затоа, потребно е текстот да биде лесен и содржината да биде интересна, за да може да му се привлече внимание на читателот и текстот да биде прочитан до крај.
Курс за Content Writing
Oвој курс ќе ви помогне за неколку денови да научите како се пишува квалитетна содржина. Сложените основи на Content Writing ќе бидат објаснети на едноставен начин, за да можете најлесно и најбрзо да ги развиете вештините за пишување најразлични текстови. Па така, дури и да сте апсолутен почетник во пишувањето содржини, овој курс ќе ви биде лесен за следење и разбирање.
Запознај го инструкторот:

Елена Даскалова - Kреатор на веб-содржини
Елена е креатор на веб-содржини, со долгогодишно искуство како новинар и content writer. Работи и искуството го надоградува во Web&SEO агенцијата SmartClick како content writer и copywriter. Со помош на соодветна content стратегија помага да се подобри органската видливост на брендовите на интернет-пребарувачите, следејќи ги познатите пракси во индустријата, но и новите трендови како што е вештачката интелигенција.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Игор Спасовски

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Ивана Данилова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
инструктори во тимот
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Content Writing се користи за пишување на:
За кој е наменет овој курс:
Aпсолутни почетници кои немаат искуство во пишување, но сакаат да научат како да пишуваат квалитетна содржина
Секој кој веќе има познавање од оваа тема, но сака да го обнови и надополни своето знаење
Блогери
Дигитални маркетери
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
13-ти септември
Времетраење:
6 дена
Распоред:
6 предавања, 3 пати неделно,(Среда-петок-понеделник-среда-петок-пон)
Цена:
3500 ден