Курс за HTML / CSS
(основно ниво)
Научи ги основите на Web-Development
Почеток: 21ви февруари
Времетраење: 6 дена
Цена: 2.900 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што се HTML и CSS?
Зошто HTML и CSS?
Основен курс за HTML и CSS
Што се HTML и CSS?
HTML (HyperText Markup Language) е јазик за креирање на структурата на која било веб-страница. Тоа значи дека со помош на овој јазик се одредува на веб-страните кој насловот, поднасловот и параграфи, што ќе биде линкот, каде ќе бидат наместени сликите, и слично.
CSS (Cascading Style Sheets) е јазик за стилизирање на веб-страни. Овој јазик дефинира како всушност ќе изгледа еден HTML документ (бои, фонт, рамки, позадина и друго.)
Зошто HTML и CSS?
HTML и CSS се најдобрите и најчесто употребувани веб технологии на кои се базирани 90% од веб страниците во светот. Овие два јазици се потребни за секој што сака да влезе во web-development од кој било агол.
Алатките на HTML и CSS на корисниците им овозможуваат да додаваат интересни стилови на нивните веб страни, без потреба од напредни вештини или користење на програмски јазици.
Основен курс за HTML и CSS
Преку нашиот курс за HTML и CSS, ќе научите како се креираат и дизајнираат веб-страни и како врз истите да додавате текстови, слики, видеа, линкови и слично. Сами ќе го знаете HTML кодот и ќе можете брзо да го промените изгледот на која било веб-страница;
Целта на овој курс е на учесниците да им помогнеме да ги научат потребните основни знаења за изработување на веб-страни и на тој начин да ги мотивираме да продолжат со обука во оваа област, со надеж дека ќе започнат и кариера во IT секторот.
Запознај го инструкторот:

Теодора Лозановска - Web Developer
Теодора Лозановска е дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство. Поседува знаења од областа на програмирањето, веб дизајн, дигитален маркетинг, менаџмент, јавно говорење и организирање и планирање на настани. Личност која е креативна, иновативна и комуникативна.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Христина Колова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
компании со кои соработуваме
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
За што најчесто се употребуваат HTML и CSS?
За кој е наменет овој курс
Почетници кои сакат да ги научат основите на HTML/CSS и да навлезат во web-development
Веб-дизајнери кои сакаат да го обноват или надополнат своето знаење
Секој кој сака да додаде некоја нова вештина во своето CV и да започне со кариера во IT сектор
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
21.02.2023
Времетраење:
6 дена
Распоред:
3 недели ( двапати неделно)
Цена:
2.900 денари