Курс за LinkedIn - Оптимизација и Networking
Научи како најдобро да го оптмизираш твојот профил и како да изградиш мрежа од квалитетни контакти
Почеток: 24-ти август
Времетраење: 5 дена
Цена: 3200 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е LinkedIn?
Зошто networking на LinkedIn?
За курсот
Што е LinkedIn?
LinkedIn е најголемата платформа во светот за професионално вмрежување. Може да го користите LinkedIn за да најдете работна позиција која ви одговара или пак практикантство, а исто така можете да правите конекции и да градите цврсти професионални врски кои ќе помогнат во процесот на градење на вашата кариера и бизнис.
Добро оптимизиран LinkedIn профил преку прикажување на вашата уникатна професионална приказна, може да ви помогне да дојдете до подобри можности за соработка. Користејќи правилни клучни зборови, професионална слика, добар опис на профилот, може значително да го зголеми досегот на вашиот профил и да воспоставите конеции со професионалци од целиот свет.
Зошто networking на LinkedIn?
LinkedIn има над 700 милиони активни корисници што ја прави најголемата мрежа на професионалци во светот. Ова значи дека имате корисници од речиси сите бранши и од голем број на држави кои може да ги најдете само едноставно пребарување или преку ваша активна концекција.
Меѓутоа, целта на LinkedIn вмрежувањето не е додавање на што поголем број на конекции, туку правење мрежа од луѓе кои се надополнуваат на вашата индустрија, од кои може да добиете брзи и корисни информации, како и да ве запознаат вистинските луѓе преку вашите објави.
За курсот
Овој курс има за цел да им помогне на учесниците да се запознаат подобро и подлабоко со потенцијалот на LinkedIn како платформа и ќе ве подготви за оптимизирање на вашите профили.
Курсот е наменет за секој што има барем малку професионално искуство за да може да се работи на пополнување на профилот.
Запознај го инструкторот:
Петар Митров - Основач е на Lead Makers
Петар е дипломиран маркетинг економист. Основач е на Lead Makers – маркетинг агенција за LinkedIn Lead Generation. Има 5 годишно искуство во маркетинг и продажба. Неговата проблематика се состои од креирање продажни шанси преку закажување на бизнис состаноци за домашни и странски компании во повеќе сектори. Петар ќе ви помогне да го изградете вашиот LinkedIn профил во средство за постигнување на вашите корпоративни цели преку позиционирање на вашиот професионален кредибилитет, авторитет и експертиза.
SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов
Ѓорги Митев
Игор Спасовски
Александра Витанова
Ана Стоилкова
Ивана Данилова
Теодора Дузлеска
Росана Костадинова
Previous
Next
Што имаме постигнато
години постоење
0
курсеви организирано
0
+
учесници
0
+
компании со кои соработуваме
0
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.
Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!
Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна
"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."
Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.
Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!
Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!
Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.
Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.
Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
За кој е наменет овој курс
Курсот е со почетно ниво, потребно е само да имате креиран LinkedIn профил на кој ќе може да се работи
Препорачуваме учесниците да имаат минимално професионално искуство со цел најдобро да се искористи потенцијалот за оптимизација на профилот
Курсот е за сите ентузијасти на дигиталните вештини кои сакаат да започнат со градење на своја мрежа од контакти
Секој што сака да додаде нова вештина во своето CV
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
24.08
Времетраење:
5 предавања по 90 минути
Распоред:
од 18:30 до 20:00 часот (среда-петок, пон-среда-петок)
Цена:
3200 денари