Летен курс за UX/UI дизајнирање
Научи ги основите за дизајн на интерфејс и корисничко искуство
Почеток: 10-ти јули
Времетраење: 6 дена
Редовна цена: 3800 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што се UI и UX?
Зошто се потребни UI и UX?
Курс за UI/UX дизајн
Што се UI и UX?
UX (user experience – корисничко искуство) и UI (user interface – кориснички интерфејс) се термини кои сè повеќе се користaт во дизајнирањето на веб-страни и мобилни апликации.
UI дизајн е графичкиот изглед на една веб-страна или мобилна апликација. Дизајнерите на UI обично се графички дизајнери кои се занимаваат со естетика. Нивната главна задача е да се справат со палетата на бои, обликот и големината на „копчињата“, ширината на линијата, фонтовите, обвивката на текстот и другите графички елементи.
Од друга страна, UX дизајнот претставува искуство на корисникот и го одредува начинот на интеракција со апликацијата или веб-страната. Задачата на UX дизајнерите е да ја креираат структурата и функционалноста на некоја апликација или веб-страна, и да направат навигацијата да не биде збунувачка и тешка.
Зошто се потребни UI и UX?
Ако навигацијата на вашата веб-страна или мобилна апликација е лоша, односно комплицирана, неинтуитивна и нејасна, многу е веројатно дека корисникот нема да има трпение да продолжи со навигација, без разлика на квалитетот на понудата.
Во процесот на креирање веб-страна или мобилна апликација, UI/UX дизајнот несомнено играат многу важна улога. Иако тие се сосема различни способности и вештини, едноставно нема добар UX без добар дизајн на UI и обратно.
Курс за UI/UX дизајн
Овој курс има задача да им овозможи на сите учесници да ги научат основите за дизајнирање апликации и веб-страни. Во текот на предавањата, учесниците ќе ги изучуваат правилата неопходни за успешен дизајн на UI/UX, но ќе добијат и совети за започнување кариера во оваа област.
Запознај ја инструкторката:

Сања Петрушевска - Графички и UX/UI дизајнер
Сања е искусен графички дизајнер со големо практично искуство во различни индустрии (од прехрамбена индустрија, мода, па се до градежна индустрија). Во своето портфолио брои многу дигитални решенија меѓу кои и омиленото за неа: систем за утврдување на еколошки перформанси на една зграда.
Омилен цитат: Mindset is what separates the best
from the rest.
One day, or Day 1. It’s your choice.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Христина Колова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
инструктори во тимот
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
За кој е наменет овој курс
Овој курс е наменет за секој креативец кој има желба да креира висококвалитетни прототипи за веб-страници.
За овој курс не е потребно пред знаење, туку само желба и упорност за учење и успех во IT кариера.
Со помош на курсот,освен стекнување на нови вештини,преку самото искуство ке го развивате и вашиот начин на размислување преку разни проблеми и предизвици.
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
10-ти јули
Времетраење:
6 дена (од 18.30 до 20.30 часот)
Распоред:
2 недели (понеделник - среда - четврток)
Цена:
3800 денари