Курс за WordPress
Изгради ја твојата прва веб-страна
Почеток: 29ти август
Времетраење: 4 дена
Цена: 3200 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е WordPress?
Зошто WordPress:
Курс за WordPress
Што е WordPress?
WordPress е наједноставниот, најпопуларниот начин да креирате сопствена веб-страна или блог. Всушност, преку WordPress се направени 43,3% од веб-страните на Интернет. Да – повеќе од една од четири веб-страни што ги посетувате веројатно се креирани преку WordPress.
Зошто WordPress:
Ако се прашувате зошто токму WordPress платформата за Вашиот сајт, одговорот е лесен:
- Лесен за прилагодување
- Plugin и Widget решенија
- SEO Friendly
- Лесен за управување
- Заштитен и безбеден
Веб-страниците на WordPress можат лесно да бидат прилагодени да работат на компјутер, таблет или телефон. Со едноставни техники за оптимизација вашата веб страница на WordPress, може лесно да се најде на Google.
Курс за WordPress
Преку курсот ќе научите како се инсталира WordPress и како да работите со основното мени за да креирате постови и страни, менувате линкови, инсталирате темплејти и плагини.
Исто така, ќе дознаете што се хостинг и домеин, зошто се потребни, која е најдобрата опција и на што да внимавате кога избирате хостинг.
Запознај го инструкторот:

Глигор Ризов - Основач на SMX Academy & Roccad
Глигор Ризов, основач на SourceMX Academy и повеќе-годишен маркетер. Глигор главно работи како дигитален маркетер но има огромно познавање и искуство со WordPress. Знаејќи ја важноста денес да се биде присутен на интернет тој ќе ви помогне да изградите креативни веб страни за вас или вашиот бизнис.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
инструктори во тимот
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта.

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Сакам да ви искажам огромна благодарност за организацијата и задоволство од посетата на курсот. Во однос на академијата бевте професионални и организирани. Сите часови навреме почнуваа и завршуваа, а во друг случај информациите ги добивавме навреме. Ивица беше одличен предавач, со многу позитивна енергија, кој успеа да ни го пренесе своето знаење, па дури и јас кој сум лайк во областа да научам многу. Ви посакувам да организирате уште многу вакви курсеви, исто толку успешни и со исти такви предавачи - па дури и многу подобри!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Јас како учесник на курсот за Adobe Photoshop u Illustrator Bo SourceMX Academy, би споделила прекрасно искуство. Предавањата беа одлични, се беше до детал опфатено и објаснето со практични примери. Голема мотивација добив од нашата инструкторка Вероника Петрова која секогаш беше отворена и Достапна за прашања и полна со трпеливост. Голема благодарност!
Посветеноста и креативноста сметам дека се најголем адут во областа на Photoshop i Illustrator. Се надевам во иднина би се пријавила пак на еден од многубројните курсеви.

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Електронски сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Што може да се изработи со помош на WordPress
За кој е наменет овој курс
Секој што сака да научи лесно да изгради веб-страна/блог за различна намена
Луѓе кои сакаат да научат нова вештина
Сопственици на бизниси кои сакаат да создадат нова веб страница или редизајн на постоечката веб страница за својот бизнис
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
29ти август - вторник
Времетраење:
4 предавања по 120 минути
Распоред:
од 18.00 до 20.00 часот (двапати неделно)
Цена:
3200 денари