Летен Bootcamp за Product Development

Научи како успешно да развиваш и имплементираш производи на пазарот

Почеток: 19-ти јуни (среда)

Времетраење: 2 месеци

Цена: 260 ЕУР (плаќање на рати без камата)

Настава: Онлајн + снимен материјал

Ниво: Почетно

6 недели предавања - 2 недели работа на проекти и задачи
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

За кого е наменет овој
Bootcamp за Product Development

Овој bootcamp за развој на производи е наменет за иноватори, претприемачи и професионалци кои сакаат да научат како успешно да развиваат и имплементираат производи на пазарот. Идеален е за членови на тимови од различни оддели, вклучувајќи маркетинг, продажба, поддршка, развој и дизајн, како и за менаџери на производи кои сакаат да ги зголемат своите вештини во управувањето со производни циклуси и имплементација на Scrum методологија.

Овој bootcamp за product development е идеален за:

Професионалци од различни индустрии

Подготвува тимови од маркетинг, продажба, техничка поддршка и производство да соработуваат за ефикасно пласирање на производи.

Менаџери на производи

Ги подобрува вештините во планирањето, изведбата и управувањето со животниот циклус на производот.

Технички тимови

Обучува развивачи и тестери во примена на Scrum методологија за подобро управување со развојни циклуси.

Почетници во областа на product development

Им помага да стекнат добра основа и разбирање на клучните аспекти на развојот на еден производ.

Што ќе научиш

Генерирање на идеи

Ќе научиш како да идентификуваш проблеми или пазарни потреби кои може да се решат со иновативни производи

Истражување на пазарот

Способности за анализа на целната публика, конкуренцијата и трендовите кои влијаат на успехот на производот

Клучни заинтересирани страни и улоги

Разбирање на различни тимски улоги и нивната важност во процесот на развој на производот

Планирање

Техники за дефинирање на цели, обем и карактеристики на производот за успешно пласирање на пазарот

Дизајн

Создавање на wireframes, прототипи и дизајн на кориснички интерфејси, клучни за привлекување и задржување на корисници

Добивање информации од пазарот и правење промени

Техники за собирање и имплементација на корисничка повратна информација за подобрување на производите по нивното лансирање

Програма

  • Идентификација на проблеми или потреби на пазарот кои може да се решат
  • Истражување на таргет публика, конкуренција и трендови
  • Тим на девелопери и нивните улоги (PO, Developers, Testers, Scrum master итн)
  • Бизнис стејкхолдери (Тим на продажба, Support, Services, Product Manager)
  • Дефинирање на цели, обем (scope), додатоци
  • Wireframes, prototypes & user interface designs
  • Перспективата на Product owner,  неговите должности и задачи пред, за време и по развојот на производот.
  • Пишување код, градење на продуктот и имплементирање на алатки
  • Quality assurance, Bug fixing & user acceptance testing
  • Лансирање на продуктот или новостите
  • Добивање информации од пазарот и правење промени
  • Обезбедување постојана поддршка, обновување и подобрување
  • Дискутирање на Scrum церемонии, кои се тие и кои се нивните цели

Запознај го инструкторот

Дарко Поповски

Product Owner

Дарко е искусен менаџер на проекти со повеќегодишно искуство IT индустријата и работа во граѓански организации. Моментално работи на позицијата Product Owner, каде што ги применува своите вештини за дефинирање на визијата за производот и приоритизирање на работните задачи во Product Backlog за да се осигура дека тимот работи на најважните функции. Експертизата на Дарко за процесот на Product development е клична за пренесување на знаењето и искуството до учесниците на овој буткамп.

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 19-ти јуни (среда)

Времетрање: 8 недели, 6 недели предавање + 2 недели проекти

Распоред: пон-среда (18.30-20.30)

Цена: 260 ЕУР (плаќање на 3 рати)

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 075 407 446.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.