Обука за Јавно Говорење

Усоврши ја една од најважните вештини во секоја индустрија преку докажани техники на говорење и начини на однесување и движење на сцена

Почеток: 15-ти февруари | Времетраење: 6 недели

Цена: 9.000 денари

15% ПОПУСТ ДО 31.01.2023 - 7.650 ДЕН

Сертификат за успешно завршен курс

Распоред: 2 пати неделно - понеделник и среда, 18.00 до 19.30

Настава: Онлајн (Zoom)

Ќе се употребуваат видео/камера како дел од алатките за домашно и финален проект

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што ќе научиш

Како да говорите, како да го користите вашето дишење за подобро изразување

Како да ја идентификувате вашата публика за подобро подготвување на говорот

Како да го структуирате вашиот говор и да ги пронајдете вистинските зборови

Како да останете позитивни и да изградите самодоверба за однесување на сцена

Како да го усовршите убедливото говорење преку докажани техники на изведба

Како да користите story telling или раскажување на приказни преку некои од најпривлечните техники што се користат

Опис на обуката

Во бизнисот, на училиште, во секојдневниот живот, често се бара од нас да кажеме збор два за некоја тема. Многу често, луѓето кои ќе добијат таква задача ги обзема паника и блокада, па не се во можност да се изразат. Освен тоа, може да почнат да зборуваат, но сепак тоа е неразбирливо и без јасни поенти. 

Но, не само за презентирање на сцена, вештините кои се користат во јавното говорење може да имаат значителен ефект и во многу други полиња и ситуации. Преку јасно говорење, може да имате поголем успех при остварување на продажба, или пак да бидете повисоко рангирани при вашата потрага за нова работа, што може да донесе и нови можности за кариерно напредување. 

Дополнително, секој сопственик на бизнис и менаџер е потребно да ги владее техниките за јавно говорење доколку сака тимот да ги оствари посакуваните резултати. Начинот како да се комуницира и пренесат главните информации е една од најважните особини на добрите лидери.

Зошто обука за Јавно Говорење

Јавното говорење не е нешто со кое сме родени, туку нешто кое се учи, и не е само за одредена група на луѓе, туку може да биде научено од секого. 

Токму затоа, подготвивме програма и материјали кои ќе ви помогнат да ги откриете тајните на јавното говорење. Преку обуката ќе имате можност да научите како правилно да дишете за подобра интонација, како да направите идентификување на публиката за да знаете како да комуницирате со нив, како да го структуирате вашиот говор, и многу други корисни техники и докажани методи. 

Ќе ви помогнеме како да ги организирате вашите говори, како да допрат до публиката и како да ги истакнете главните пораки. Преку финалниот проект, ќе можете да се подготвите со сите нови вештини и да имате успешно презентирање кое ќе биде почеток на многу наредни ваши јавни говори.

Запознај го инструкторот

Ѓорѓина Џина Шеровска е доктор во областа на маркетинг менаџментот и нејзината академска насока е стратешки комуникации, односи со јавност и дигитални медиуми. Професионално работи во областа на внатрешна ревизија, односно кредитна контрола, но делува и како консултант во областа на маркетингот.

Ѓоргина Џина Шеровска

Доктор во областа на маркетинг менаџментот

Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент и интегрирани маркетинг комуникации со посебен осврт кон финансиите како клучна дисциплина која се обединува со маркетингот.

SMX - ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

0
години постоење
0 +
курсеви организирано
0 +
учесници
0
инструктори

Што велат нашите учесници

Што по завршување на курс во SMX

Сертификат за успешно завршен курс

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

За кој е наменета оваа обука

Сопственици на бизнис

Лидери и менаџери

Едукатори

Бизнис луѓе

Продажни агенти

Секој кој сака да ја научи и усоврши оваа вештина за поуспешна кариера

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток:

15.02.2023

Времетраење:

12 предавања по 90 минути

Распоред:

од 18:00 до 19:30 часот

Цена:

15% попуст до 31.01 - 7.650 денари

Modul 1: Воведен час во јавното говорење и неговото влијание

Modul 2: Гласовно изразување

Modul 3: Анализа на публика & мапирање со приспособување на вашата содржина на вашата публика

Идентификувајќи ја вашата публика, ќе знаете како најдобро да го подготвите  својот говор за нив. Не би сакале да одржите говор полн со технички жаргон пред толпа која не знае за технологија, и токму тука е неверојатно важно да можете да ја идентификувате вашата публика. Знаејќи како најдобро да ја пренесете вашата тема и точка ќе ви помогне да го планирате вашиот говор.

Module 4: Структура на говор и пронаоѓање на вистинските зборови

Добриот преглед за вашиот говор ќе помогне да се осигурате дека ги покривате сите теми што сакате да ги покриете, како и да ви даде идеја како да го структурирате целокупниот говор за најдобар тек. Секој одличен говор започнува со солиден преглед и вистински зборови.

Module 5 – Домашно: пишување на говор и адресирање кон публика

Module 6: Самодоверба и однесување на сцена

Овој модул ќе ги опфати чекорите за ментална подготовка за вашиот говор; да останете позитивни, да прифатите дека ќе имате трема и дека истата брзо ќе се надмине откако започнете. 

Module 7: Прилози од снимки од читање на говорот (насока и укажување на можни грешки) подготвителна фаза за финален проект

Module 8: Убедливо говорење и техники на изведба за успешно јавно говорење

Убедливото говорење како тип на говор може да вклучи сè, од расправија за политика до разговор за тоа што да јадете за вечера. Убедливото говорење е многу поврзано со публиката, бидејќи говорникот мора, во извесна смисла, да се сретне со публиката на половина пат. Вклучувајќи техники, од инспирација на публиката до акција, до кревање на нозе затоа што досега не доживеале такво нешто.

Module 9: Раскажување приказни

Овде ќе научите за некои од најпривлечните техники на раскажување приказни.

Module 10: Примери за (не)успени говори 

Тука ќе погледнеме некои од нај(не)успешните говори и што можеме да научиме од истите?

Module 11: Добро користење на јазикот

Вашата цел е да ја натерате вашата публика да види што сте виделе, да го слушне она што сте го слушнале, да го почувствувате она што сте го почувствувале. Моќта на јазикот не може да се пренагласи – јазикот ја конструира, рефлектира и одржува нашата општествена реалност или она што ние веруваме дека е „вистинито“ во однос на светот околу нас.

Module 12: Финален проект