Kурс за програмирање со Python (Снимен)

Научи ја една од најбараните вештини во 2023 година!

Формат: Снимен курс

Времетраење: 6 дена 120 минути

Редовна цена: 2200 денари

Ниво: Почетник

Снимен материјал од 6 предавања

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик или на Viber.

Или веднаш резервирај го твоето место

Зошто курс за програмирање со Python?

Во моментов Python е еден од најпопуларните и најкористените програмски јазици за обработка на податоци, изработка на веб-страни, програми, апликации, итн.

Оттука програмерите кој го познаваат Python се се повеќе барани!

Што да очекуваш од овој курс?

Со помош на овој курс ќе ги научиш основите на програмирањето со Python на едноставен и лесен начин, синтаксата и правилата за пишување на истата, ќе научиш како да ја поставиш твојата прва веб апликација, и многу повеќе преку практична примена на теоријата што ќе ја научиш.

Што ќе научиш

Основи на програмирање со Python

Синтаксата на Python

Разновидната употреба на Python(веб-апликации, дата анализа, ML и AI)

Циклуси и Функции

Решавање на алгоритми

Практична примена и примери во реален свет

Програма

Ден 1: Вовед во Python

  • Python и неговото значење во програмирањето.
  • Oсновите за подесување на Python околина за развој.
  • Синтаксата на Python и основните принципи.

Ден 2: Основи на Python програмирање

  • Типови на податоци како цели броеви, стрингови и Booleans.
  • Променливи, оператори и како да изведеш основни пресметки во Python.
  • Значење на индентацијата и читливоста на кодот

Ден 3: Пресметки и Форматирање

  • Напредни пресметки и користење математички функции.
  • Излез за прикажување кон корисниците.
  • Внес од корисник за создавање на интерактивни Python програми.

Ден 4: Условни Изјави (If…Else/Else If)

  • Условни изјави и нивното значење при одлучување.
  • Како да ги користиш ‘if,’ ‘else’ и ‘elif’ за контролирање на текот на програмата.
  • Решавајте практични проблеми преку условната логика.

Ден 5: Циклуси (For/While)

  • Користење на циклуси за повторни задачи.
  • Истражување на ‘for’ и ‘while’ циклусите, како и контролните изјави како ‘break’ и ‘continue.

Ден 6: Функции, Исклучоци

  • Како да создадеш функции за модуларност и можност за повторна употреба на кодот.
  • Кои се исклучоците и како да се справиш со грешки на полесен начин.

Запознај ја инструкторката

Ненад Ристов

Python Developer & Data Engineer

 

Ненад е програмер со долгогодишно искуство. Има огромно познавање од Python и JavaScript, најмодерните технологии за Web Development како Django, Flask, React, Cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, SQL & No-SQL бази на податоци. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик. 

Има 4+ години искуство во споделување на своето знаење, на бројни курсеви и академии!

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Ниво: почетник;

Времетрање: Снимен материјал од 6 предавања по 120 минути;

Цена: 2200 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.