Маркетинг обука за мали бизниси - Social Media Bootcamp

Сакаш самостојно да го водиш маркетингот на твојот бизнис? Ти треба промоција на твојот бизнис преку Facebook & Instagram? Оваа обука е токму за тебе!

Почеток: 6-ти март 2025

Распоред: Вторник и четврток од 18.30 до 20.30

Времетраење: 2.5 месеци предавања + 1 месец работа на реален проект

Можеш да избереш: Проект за твојот бизнис - Или проект за маркетинг агенција

Настава: Онлајн (Zoom)

Учи 2.5 месеци, Работи на Реален проект 1 месец
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.

Кои се главните предизвици на малите бизниси во маркетингот?

Неисплатливи реклами

Бустирате реклами, но ефектот е се помал и рекламите се поскапи. 

Немаат план за маркетинг објави

Повеќето бизниси објавуваат без претходно поставен план и ефектот од објавите е многу слаб.

Недоволно време за водење на маркетингот

Бизнисите мислат дека маркетингот на мал бизнис е прекомплициран и треба многу време, меѓутоа со добро знаење и алатки, ова може да се работи многу побрзо отколку што мислевте.

Што ќе научиш

Како сами да креирате Facebook & Instagram реклами што носат клиенти и продажба

Како да го зголемите бројот на следбеници и клиенти без платени реклами

Како да ја намалите зависноста од маркетинг агенции и самите да управувате со својот бренд

Како да креирате објави, слики и видеа на социјалните мрежи кои ќе имаат интеракција

Како полесно и побрзо да направите објави на социјалните мрежи

Како да го поставите вашиот бизнис онлајн за поголема доверба

Искуства на нашите учесници

Запознај ги инструкторите

Александра Абрашев, Co-founder of Social Sicrcle

Александра Абрашев, професионалец во дигитален маркетинг со 10 години искуство и акаунт менаџер со пасија за креирање, без разлика дали е градење бренд, креирање бренд приказни, дизајнирање грид за социјални мрежи или креирање META реклами кои носат резултати за секој клиент.

Со голем интерес и разбирање на AI технологиите, таа успешно ги интегрира во своите маркетинг стратегии во делот на олеснување на процесите во работењето и креирањето на кампањи.

Таа е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Глигор Ризов, CEO of SMX Academy

Глигор Ризов, основач на SMX и основач на дигитална маркетинг агенција Roccad. Глигор има 8 годишно искуство како дигитален маркетер и соработувано со голем број на домашни и странски компании. Во досегашното работење, има менаџирано над 700.000 евра во потрошен буџет на социјалните мрежи, најголем дел за е-тррговија сајтови и генерирање контакти (lead gen) за најразлични индустрии.

Тој е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Горан Николов, Co-founder of Social Circle

Горан Николов, креативец и експерт во дигитален маркетинг со повеќе од 10 години искуство. Својата кариера ја започнува со пишување забавни текстови за блогови, за потоа да ја открие својата вистинска пасија за дигитален маркетинг.

Способен е да ги препознае и разбере потребите на клиентите, а потоа да создаде креативни и ефективни решенија кои носат мерливи резултати. Неговата страст за иновации и континуирано надоградување, како и неговата посветеност на споделување знаење, го прават одличен партнер за развој и успех во модерниот дигитален свет.

Toj е ментор во делот на платен маркетинг на Social Media Bootcamp.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 6-ти март

Времетрање: 2.5 месеци учење + 1 месец работа на реален проект;

Распоред: Вторник и четврток (18.30-20.30);

Цена: 580 ЕУР (плаќање на 7 рати без камата);

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.