Програмирање со JavaScript

Збогати го твоето знаење со еден од водечките јазици позади модерните веб-страници!

Почеток: 28-ми септември

Времетраење: 8 предавања

Цена: 3800 денари

Распоред: вторник и четврток (18.30-20.30)

Сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн преку Zoom

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​

Или веднаш резервирај го твоето место

Што е JavaScript?

JavaScript e еден од најмоќните програмски јазици, кој им дава искра на веб-страниците. Ја поседува моќта да ги претвара обичните веб-страници во интерактивни игралишта каде може да играте игри, да гледате анимации и многу повеќе.

Зошто овој курс?

Овој Javascript курс ќе ви помогне да ја откриете моќта на JavaScript. Курсот е дизајниран да биде супер лесен и за почетници кои прв пат се запознаваат со кодирање.

Кои се бенефитите на JavaScript?

Влез во светот на веб-програмирањето

Учењето на JavaScript ви овозможува да разберете како функционираат веб-страниците, да креирате сопствени интерактивни веб-страници, па дури и да продолжите кариера во веб-развојот ако сакате.

Водечка улога во пазараот

Иако улогата на JavaScript може да се развива како што напредува технологијата, многу е веројатно дека JavaScript ќе продолжи да игра значајна улога во светот на програмирањето и развојот на софтвер, особено за технологиите поврзани со веб.

Флексибилност и разновидност

JavaScript не е ограничен само на веб-развој. Откако ќе ги сфатите неговите основи, ќе имате солидна основа за учење други програмски јазици и за вложување во различни технолошки полиња како развој на мобилни апликации и развој на игри.

Што ќе научиш

Основи на програмирање со JavaScript

Синтаксата на JavaScript

Кондиционали и алгоритми

Манипулација на DOM(како динамички да менувате и манипулирате со содржината на веб-страницата)

Вештини за решавање на проблеми преку голем број на вежби и пример

Работа со функции и низи

Практична примена и сликовити примери за употреба на JS во реален свет

Практична примена и сликовити примери за употреба на JS во реален свет

Совети и корисини извори како да продолжите да се надградувате

Програма

Ден 1:

  • Што е JavaScript
  • ‘Hello World’
  • Коментари

Ден 2:

  • Вредности, Променливи и Оператори
  • If… Else

Ден 3:

  • For Loop и While Loop
  • Вежби

Ден 4:

  • Функции

Ден 5:

  • Низи
  • Методи на низи

Ден 6:

  • Објекти
  • this’ keyword

Ден 7:

  • ДОМ

Ден 8:

  • Посветување внимание на несигурни теми
  • Вежби
  • Корисни извори

Запознај го инструкторот

Димитар Калапоцев

Web Developer

Димитар е веб програмер со повеќегодишно искуство. Има  напредно познавање на технологиите HTML/CSS, JavaScript & React. Ко-основач на агенцијата Strax Designs во која изработува custom веб страни за неговите клиенти.

Тој веќе неколку термини го споделува своето знаење за оваа тематика со голем успех и задоволство кај учесниците.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

За кој е наменет овој курс

Почетници во програмирањето

Секој што има интерес за програмирање

Секој кој сака да започне со учење на React, Vue, Angular

Секој кој сака да научи и усоврши нова вештина за поуспешна кариера

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 28-ми Септември;


Времетрање: 8 предавања по 120 минути;


Распоред:  вторник и четврток (18.30-20.30);


Цена: 3800 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.