Запознај ги менторите на Bootcamp за Внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max во SMX Academy
- март 5, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp
Денешниот блог пост навидум со повеќе текст, но ве уверуваме дека имате што да прочитате – двајца долгогодишни професионалци во светот на AutoCAD и 3ds Max – ментори во SMX, денес ни раскажуваат малку за себе и не запознаваат со нивното искуство…
Ивица Мирчевски
Ментор си на овој буткамп каде ќе предаваш AutoCAD. Накратко запознај не со тебе? Што те инспирираше да станеш машински инженер и зошто токму сертификација во AutoCAD?
Инспирацијата за машински инженер дојде од тоа што машинските инженери работат скоро во сите индустрии. Оваа разновидност овозможува да се види како функционираат различни индустрии. Машинството ги комбинира креативноста и техничката експертиза на беспрекорен начин. Како машински инженер, ја пуштате вашата имагинација додека дизајнирате , развивате производи, машини, системи. Ќе видите како вашите идеи оживуваат, од концепт до реализација, премостувајќи го јазот помеѓу имагинацијата и практичноста. Со секој нов проект ги проширувате вашите знаење, вештини .. едноставно се надминувате себеси со секој нареден проект.
AutoCAD е еден од програмите во машинството кој овоможува имагинарната идеа да ја ставите во дигитална варијанта, а сертификацијата си дојде природно по долго време работење во програмот.
Можеш ли да ни споделиш некои најважни моменти од твоето искуство работејќи на проекти поврзани со AutoCAD?
Како што спомнав, секој проект започнува како идеа, а завршува како готов производ / систем. Идеата да се реализира нормално е да помине низ повеќе индустрии. Штом поминува низ повеќе индустрии истата трпи измени. Секоја индустрија смета дека нејзината идеа е најдобра. Моментот на усогласување на идеите, желбите и потребите е најтешко во секој проект. Потребна е јасна комуникација и доволен компромис помеѓу индустриите, ако се сака една идеа да успее и да функционира онака како што е замислена.
Како пристапуваш кон учењето AutoCAD на почетници наспроти понапредни студенти? Наведи ни неколку примери за тоа како AutoCAD се користи во реални апликации во областа на машинскиот инжинеринг?
AutoCAD е линија на софтвер за дводимензионален и тродимензионален дизајн. Во најраните фази на проект, AutoCAD за машинско инженерство се користи за да се започне со скицирање на идеи и нивна анализа за да се одреди најдоброто решение за даден проблем. Софтверот го прави процесот брз и лесен; ја елиминира потребата од цртање нови нацрти за секоја верзија на идејата и го поедноставува редизајнот.
Кој е твојот совет до сите идни студенти кои штотуку почнуваат да учат AutoCAD?
На почетокот програмот личи дека е многу комплексен за работа. Нека не се плашат да пробуваат да цртаат. Секоја грешка на почеток е искуство за понатаму.Нека останат фокусирани на тоа зашто започнале да го изучуваат AutoCAD, бидејќи само дисцплината ќе ги донесе до успехот што го замислиле
Димитар Бојчев
Кој беше твојот мотив за специјализација во 3DS MAX и кариера во 3D визуелизација и дизајн?
Најпрвиот мотив за да научам 3Д, беше помислата можам да креирам автомобил.
Дали можеш да ни наведеш некој од најнезаборавните проекти на кои си работел користејќи 3DS MAX, Corona и Vray?
За копанија која се занимава со производство и продажба на алуминиумски прозорци и врати, побараа од мене да му направам рендери за нивниот веб сајт и за нивната брошура. Кога го завршив проектот, ми покажаа како изгледа самата брошура и веб страницата. 95% од работата јас ја изработив и навистина изгледаше одлично. Тој проект навистина сум горд на самиот себе.
Како му пристапуваш на процесот на креирање 3D визуелизации за архитектура и моделирање на производи?
Почнувам со темелно разбирање на барањата на клиентот, вклучувајќи ја нивната визија, целната публика и сите специфични упатства за дизајн што ги имаат.
Референци: Собирам референтни слики, нацрти, CAD цртежи или какви било други материјали обезбедени од клиентот за да се обезбеди точност во процесот на моделирање.
Моделирање: Користејќи 3ds Max, ја создавам основната геометрија на архитектурата или производот.
Осветлување: Поставувам виртуелно осветлување за да симулира реални услови на осветлување на сцената. Ова може да вклучи природно осветлување од сонцето, вештачко осветлување од светилки или тела и амбиентално осветлување за подобрување на целокупната атмосфера.
Текстури и материјали: нанесувам текстури и материјали на површините за да им дадам реален изглед. Ова може да вклучува користење на слики за мапи на текстура, процедурални текстури или физички базирани модели за засенчување за да се постигнат реални својства на материјалот како што се метал, стакло, дрво итн.
Рендерирање: користам софтвер за рендерирање како што се V-Ray или Корона да генерирам висококвалитетни слики или анимации на 3D сцената. Овој чекор вклучува поставување параметри за рендерирање како што се резолуција, стапки на земање примероци и поставки за квалитет.
Пост-обработка: По рендерирање, може да извршам пост-обработка во софтвер како Adobe Photoshop за дополнително да го подобрам конечниот излез. Ова може да вклучува прилагодување на боите, контрастот, заситеноста, додавање атмосферски ефекти или составување на повеќе слоеви заедно.
Повратни коментари и ревизии: Ги споделувам првичните рендери со клиентот за повратни информации и ги правам сите неопходни ревизии врз основа на нивниот придонес. Овој итеративен процес продолжува додека клиентот не биде задоволен со конечниот резултат.
Испорака: Откако проектот ќе биде одобрен, ги доставувам конечните 3D визуелизации во потребниот формат, без разлика дали се работи за слики со висока резолуција, анимации или интерактивни искуства погодни за веб или презентациски цели.
Во текот на целиот процес, комуникацијата со клиентот е клучна за да се осигура дека неговата визија е прецизно преточена во конечната 3D визуелизација. Дополнително, ажурирањето со најновите алатки, техники и трендови во 3D моделирањето и рендерирањето ми помага ефикасно да давам висококвалитетни резултати.
Што најмногу те исполнува кога работиш со архитекти, дизајнери и агенти за недвижности од различни делови на светот?
Најмногу ме исполнува самата помисла дека можам да ја оживеам (реализирам) нивната визија. Нивната креација ја претварам во виртуелна реалност, каде тие имаат можност да ја видат и корегираат ако има потреба.
Каков совет би им дал на сите амбициозни уметници во 3D визуелизација кои се заинтересирани да продолжат со слична кариера?
Трпеливост, радозналост, упорност и добар сон. Бидејќи верувајте ве чекаат многу ноќи неспани!
Ти благодариме на одвоеното внимание да го прочиташ текстот каде можеш подобро да ги запознаеш менторите од Bootcamp за Внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max – а сега останува да се запознаеш малку подобро и со овој Bootcamp на следниов линк: https://smx.mk/live/bootcamp-za-vnatresen-dizajn/