Што е плагин?

Со сигурност може да се каже дека WordPress не би бил тоа што е без плагините. Плагините му ја дават онаа вистинска моќ на WordPress.

Плагините се мали “програми” кои ви овозможуваат да ги проширите функционалностите на основната WordPress инсталација. Повеќето плагини можат да се преземат и инсталираат бесплатно.

Денес постојат илјадници плагини на располагање. Доколку сакате да го проширите вашиот блог или веб-страница со одредена функционалност, може да бидете сигурни дека најверојатно постои плагин за тоа.

Пред да инсталирате некој плагин, најдобро е да почнете со правење на истражување за истиот. На официјалната веб страна на WordPress во делот плагини, може да извршите пребарување за најразлични плагини. Важно е да извршите истражување за плагинот кој сакате да го инсталирате, бидејќи не сите плагини се “добронамерни”. Добро е да ги прегледате коментарите кои ги имат оставено претходни корисниците кои го имаат инсталирано плагинот, а исто така и да обрнете внимание и на тоа колку пати е преземен истиот.

Како се инсталираат плагини?

Од Dashboard делот избираме Plugins.

Се појавуваат три под-менија. Во делот Installed Plugins имаме преглед на сите веќе инсталирани плагини. Во делот Add New, избираме додавање на нови плагини, а во Editor делот може да имаме пристап до кодот на плагинот.

Со клик на Add New се добива следниот интерфејс со излистени плагини. Од десната страна има дел за пребарување за олеснато навигирање низ огромната датотека од плагини.

Со едноставен клик на Install Now плагинот започнува да се инсталира. Понатаму е потребна само активација на истиот. Активацијата на плагини се врши во делот Installed Plugins со едноставен клик на Activate. Доколку сакате да избришете веќе постоечки плагин, едноставно кликнете Delete на плагинот.

Во WordPress постојат безброј плагини, а ние денес ќе издвоиме едни од најдобрите плагини во WordPress.

Elementor Page Builder

Превземено од официјалната страна на Elementor

Elementor Page Builder е плагин кој ви обозможува на едноставен начин да ја изградите вашата веб страна. Доаѓа во пакет со многу корисни алатки некој од нив бесплатни, а за некој е потребно да се претплатите. “Билдерот” ви овозможува без многу голем напор и на најефективен начин да изградите веб страна.

Yoast SEO

Yoast ви помага да добиете повеќе посетители од пребарувачите (Google, Yahoo, Bing, итн.) на вашата веб-страница. Yoast е еден од најпопуларните WordPress додатоци на сите времиња, особено за оние кои имаат блог. Од сите плагини на WordPress, Yoast нуди најсеопфатно решение со сите карактеристики и алатки кои ви се потребни за подобрување на вашата страница и оптимизација на истата. Ви помага во додавањето мета тагови, да генерирате sitemaps, да го поврзете вашиот сајт со Google Search Console, да го оптимизирате за социјалните медиуми и многу повеќе.

Contact Form 7

Доколку ви е потребен плагин кој ќе ви овозможи да креирате и управувате со повеќе форми за контакт истовремено, тогаш ви го препорачуваме плагинот Contact Form 7. Овој едноставен плагин ќе ви овозможи на брз начин да креирате убави и функционални контакт форми преку кои вашите корисници ќе можат лесно да стапат во контакт. Плагинот е бесплатен и има над 5 милиони активни инсталации.

WooCommerce

WooCommerce е еден од најпопуларните eCommerce плагини за WordPress кој го користат над 4 милиони веб-страници. Овој плагин доаѓа со сите моќни функции кои ви се потребни за да креирате онлајн продавница. Во последните неколку години, WooCommerce се воспостави како најистакнат плагин за eCommerce за WordPress.  За разлика од другите плагини наведени погоре, WooCommerce плагинот не е бесплатен, а пакетите што ги нуди зависат од тоа дали сакте да го користите на една или на повеќе веб страници.

UpdraftPlus WordPress плагин за Backup

За да не дојдете во ситуација да ја загубите целата содржина и целата напорна работа да биде залудна поради лошо ажурирање или кодирање, инсталирајте го UpdraftPlus плагинот. Овој плагин има високи оценки, ги има добиено сите 5 ѕвездички и има над 2 милиони активни инсталации. Неговата работа е да прави резервни копии, поточно бекапи, на содржината наместо вас. Потребно е само да го инсталирате и целата ваша содржина ќе биде зачувана во cloud систем.

Akismet Anti-Spam

Akismet Anti-Spam е плагин кој ќе ги задржи спамерските пораки долгорочно надвор од вашиот сајт. Плагинот ги прегледува и филтрира сите коментари што се појавуваат на вашата веб-страница, обезбедувајќи историја на статус за секоја од нив, така што ќе можете да одредите кои коментари се пронајдени од Askimet. Askimet е бесплатен за преземање, а постои и премиум верзија на плагинот со дополнителни безбедни алатки. Без разлика која верзија ќе ја инсталирате, овој плагин ќе го одржува вашиот сајт без спам елементи.

Grammarly

Grammarly е популарна алатка за онлајн проверка на правописот, достапна како плагин за прелистувач за Google Chrome, Firefox, па дури и за Microsoft Edge. Ги проверува правописот, граматиката и контекстуалните грешки додека го пишувате својот текст. Бесплатната верзија е достапна за сите, а постои и премиум-верзијата која проверува плагијат, дава предлози за подобрување на вокабуларот и други понапредни функции.

Доколку сакате да научите повеќе за WordPress, како на пример како да изградите веб стран, како да инсталирате плагини и како да менаџирате со истите, прочитајте повеќе за курсот што го организира SourceMX на следниот ↪ линк ↩. Или пријави се веднаш