Најновата функција на GitHub Profile README е навистина кул – еве како да креирате своја
- јули 22, 2020
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Full-Stack Програмирање ,
Пред само неколку дена GitHub објави нова кул функција: Profile README. Оваа нова опција им овозможува на корисниците да креираат README датотека на ниво на профил што се појавува на нивниот GitHub профил. Во овој блог пост ќе опишеме како да пристапите до оваа нова функција, а и ќе споделиме и некои забавни профили на GitHub креирани со новата функција.
Што прави оваа нова функција и зошто е толку добра?
Новата карактеристика README на ниво на профил на GitHub им овозможува на корисниците да прикажат многу повеќе содржина од био-профилот лево на нивниот профил. Тоа во суштина значи дека можете да се позанимавате со содржината и да го направите да изгледа визуелно попривлечно со додавање emojis, пасуси, слики, линкови, па дури и GIF-ови.
Профилот README е лесно забележлив, бидејќи е поставен веднаш на средината на веб страницата и зазема голем простор. За мене лично, профилот README е одлична надоградба и начин подобро да се презентираш себеси и своите способности, како и да запознаеш интересни луѓе.
Како да го креирате својот Profile README?
Да започнеме со тоа што ќе одиме на нашата почетна страница на GitHub профилот, каде ќе создадеме ново складиште (repository).
Ќе создадеме складиште т.е repository кое го има истото име како и името на вашето корисничко име на GitHub. На пример, моето корисничко име е tankicag, така што ќе создадам репозитори во GitHub со истото име.
ВАЖНО: Ако веќе имате проект со истото име на репо-име / корисничко име и сте заинтересирани да поставите README на ниво на профил, тогаш препорачувам преименување на тоа складиште.
Стартувајте го вашето README и креирајте го складиштето.
Доколку сега поворно се вратите на вашиот профил, ќе се појави следното:
Твојата README датотека на ниво на профил е веќе креирана, но изгледа прилично празно.
Кликнете на малиот молив од десната страна и започнете со уредување на датотеката README онака како што сакате. Еве како јас го уредив мојот.
GitHub има свое обележје за примена на заглавја, ставови, емоции, линкови и што е најважно: гифови. Доколку не сте многу запознаени со ознаките на Github, тука е GitHub Docs Markdown линк кои може да ви помогне.
Оваа нова функција на Github е навистина популарна и овде може да погледнете доста креативни профили.
SourceMX Academy e официјален GitHub Campus партнер, први и единствени во Македонија. За потребите на курсевите за програмирање, нашите учесници ги користат услугите на GitHub што им овозможува многу полеснете учење и совладување на материите.
Во моментот имаме 2 активни курсеви за програмирање кои може да ги искористите со ваучер од државата за 50% пониска цена: Основи на Програмирањето со Python и Напредно ниво на програмирање со Python.
Се надевам дека научивте нешто интересно денес и дека наскоро ќе ги накитите вашите GitHub профили!