Политика за приватност
Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Локалис Трејд ДООЕЛ Струмица (понатаму: „SourceMX Academy“) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.sourcemxacademy.mk (понатаму: ”интернет страна”).
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што SourceMX Academy ги собира од своите корисници на други начини.
Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои можеби пристапувате преку нашaтa интернет страна.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.
При посета на интернет страната, SourceMX Academy ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги оставите во контакт форма на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги, како што се пријавување на електронски билтен, пријавување на курс, настан, работилница или академија, електронско online плаќање за курс, настан, работилница или академија.
При онлајн плаќање за курс, настан, работилница или академија, SourceMX Academy нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
SourceMX Academy ги обработува Вашите лични податоци за:
– овозможување на online користење на нашите услуги, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
– администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци SourceMX Academy ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Вработените во SourceMX Academy се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.
SourceMX Academy применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.
При посетата на интернет страната од корисниците, SourceMX Academy може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Со помош на колачињата SourceMX Academy го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
SourceMX Academy користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:
-Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
-Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
-Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на SourceMX Academy, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
-Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку SourceMX Academy веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.
На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.
Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.
Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.
За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings
Ремаркетинг
SourceMX Academy информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook Business Manager, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.sourcemxacademy.mk и обезбедена согласност за оваа активност.
Google, Facebook, Instagram и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на SourceMX Academy преку користење на колачиња.
На пример, кога со посетата на www.sourcemxacademy.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за SourceMX Academy или за содржината која ја посетил на страната на SourceMX Academy. Сите собрани податоци од SourceMX Academy ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
SourceMX Academy има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.sourcemxacademy.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.
Локалис Трејд ДООЕЛ Струмица
Датум на ажурирање: 10.04.2020