Python – Од хоби до еден од најкористените програмски јазици
- август 24, 2020
- Објавено од: Ненад Ристов
- Категорија: Full-Stack Програмирање , Python , Веб Програмирање , Дигитални вештини ,
Што е Python?
Python е програмски јазик за општа употреба што значи дека со Python можат да се креираат секаков вид на програми. Python најмногу се употребува за веб апликации, Data Science, машинско учење, вештачка интелигенција и автоматизација. Python неговата популарност ја добива во последните 5 години, што значи дека можеме да заклучиме дека сеуште не се откриени сите негови можности.
Како е измислен Python?
Почетоците на Python датираат уште од `90тите години. Холандскиот научник Guido van Rossum барал хоби за време на божиќните празници и така започнал со креирањето на Python. Guido учествувал во креирањето на програмскиот јазик АВС, па ги има искористено позитивните работи на АВС.
Pros & Cons на Python
Предности
Оpen-Source и голем број на корисници
Python е open-source што значи дека редовно се надоградува и секој програмер може да вметне нови features во секоја следна верзија. Поради големата побарувачка за Python програмери, Python има многу голем број на корисници и секогаш многу лесно ке најдете решение на проблем или ќе најдете помош.
Има огромен број на библиотеки (модули)
Бидејќи Python е open-source и секој програмер може да го надоградува, постојат огромен број на БЕСПЛАТНИ библиотики чија употреба е многу едноставна и многу го олеснуваат програмирањето во Python, така да вие ќе немате потреба да го ре-инвентирате тркалото.
Одличен за прототипови: со малку код се креираат големи работи
Бидејќи Python е лесен за учење и едноставен за програмирање, со мал број на програмски линии лесно може да се креираат сложени работи и истите да се тестираат, што го прави подобар во однос на другите јазици за креирање на прототипови.
Недостатоци
Брзина
Во споредба со други популарни јазици Python е релативно побавен, ова е најголемиот недостаток на овој програмски јазик. Во проблематиката што Python e побавен од C, C++, Java… ќе навлеземе подлабоко во курсот Основи на Python.
Со Python не се креираат мобилни апликации
Android и iOS не го подржуваат Python, затоа не може да се креира мобилна апликација со Python. Единствен начин да се креира мобилна апликација со Python е да се користат библиотеки, но истата апликација ќе може да се користи на Windows, MacOS, Android, iOS и RaspberryPi.
Едноставност – предност или недостаток?
Според некои програмери ова е предност, додека според други ова е недостаток.
Што ќе се прави на основниот курс за Python?
Овој курс е наменет за апсолутни почетници во програмирањето, и за програмери кои сакаат да научат нов програмски јазик.
На овој курс ќе ги научиме најупотребуваните термини во програмирањето, ќе се запознаеме со типовите на податоци кои се достапни во Python, структури за избор од две или повеќе можности (if…else), структури за повторување како што се for loop и while loop, ќе се запознаеме со најкористениот начин на програмирање т.е. Објектно-ориентирано програмирање, ќе научиме како да автоматизираме едноставни работи како што се пребарување на интернет, испраќање на и-маил, креирање и уредување на Excel работни тетратки, ќе автоматизираме и многу други работи со кои ќе можеме да заштедиме многу време.
На крајот од курсот секој учесник ќе креира завршен проект со кој ќе може да ги покаже знаењата со кои се стекнал за време на курсот.
Завршен Проект на учесниците
Проект од минатиот курс беше автоматско пребарувње на интернет и собирање на податоци т.н. Web Scraping. Учесниците креираа програма која собирa податоци за курсевите во SourceMХ Аcademy и потоа истите тие податоци се внесуваат во Excel и се прави анализа врз тие податоци.
Доколку се двоумите дали сега е добро време за да го научите овој јазик, времето не може да биде подобро за да научите нов јазик, особено Python.