Q&A за Горан Аврамоски – Инструктор на Летен Bootcamp за SCRUM
- мај 27, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: SCRUM
Ова лето во SMX Academy имаш можност да стекнеш со титулата – SCRUM Master. На кој начин? Преку 2 месечен Bootcamp кој се состои од 6 недели интензивна и интерактивна настава И 2 недели работа на проекти и задачи. Во случај да отсуствуваш од некое предавање, истото можеш да го проследиш преку снимка и консултации со ментор.
Дознај повеќе тука: Летен Bootcamp за SCRUM
Во меѓувреме запознај се со менторот на овој 2-месечен Zoomcamp!
Накратко запознај ги нашите читатели со тебе…
Јас сум Горан, QA и Scrum Master во RLDatix. Ќе ми биде задоволство да споделам повеќе за мене и моето работно искуство на првото предавање.
Зошто се одлучи да започнеш со споделување знаење и искуство преку предавања?
Сметам дека ќе се стекнам со ново и предизвикувачко искуство. Ова е ново за мене, но со повеќегодишното работно искуство и работењето со scrum методологијата, знам дека знаењето што ќе го пренесам на учесниците ќе им биде корисно.
Програмата за SCRUM опфаќа неколку модули, како Основи на Agile и Scrum, Разлики помеѓу Waterfall и Agile, Улоги во тим, Артефакти и настани, Sprint и други. Кој модул според тебе е клучен за разбирање на SCRUM методологијата?
Овде не би можел да издвојам еден модул. Сите се клучни за разбирање на Agile и Scrum методологијата. Ова значи дека целокупниот материјал е потребен за целосно да ја запознаете метологијата и успешно да ја користите.
Од твое лично искуство, во која фаза се случуваат најчесто грешки при имплементацијата на SCRUM?
Најчесто се случуваат грешки во нов тим при имплементација на scrum. Тоа е така бидејќи луѓето се уште не знаат добро помеѓу себе, не се прави точна естимација и тогаш се случуваат најчесто грешки.
Дали можеш да сумираш, според предвидената програма и проектите на летниот bootcamp, во што ќе им помогнат на студентите?
Добро разбирање на scrum процесите и scrum master улогата. Овој bootcamp ќе помогне на секој кој сака да добие знаење како подобро да менаџира проекти, како подобро да го организира тимот, во било која индустрија, не само во IT.
Дали имаш совет за учење кој би го препорачал до студентите?
Трпеливост и желба бидејќи scrum master улогата не е само 14 страни scrum guide.
Дали имаш препорака за студенти кои се заинтересирани но не знаат од каде да почнат?
Следење на настани поврзани со scrum, и да се прочита scrum guide и scrum manifesto. Доколку сакате сериозно да навлезете во темата, треба да почнете да бидете активни во областа. Тука препорачувам да пронајдете контакти на LinkedIn кои се популарни во индустријата и имаат корисни информации. Исто така, може да разгледате и за влез во заедници (communities) како групи или Discord/Slack канали.