Q&A со Елена Димитрова Вуксановиќ (Loyal Student – учесничка на 3 курсеви во SMX)
- јули 28, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Успешни приказни
1. Накратко запознај не со тебе. Која е твојата професија?
Јас сум Елена Димитрова Вуксановиќ, дипломиран биолог со работно искуство во маркетинг и продажба, надградено со вештини за дигитален дизајн и дигитален маркетинг.
2. До сега имаш посетувано неколку курсеви во SMX меѓу кои се (Курс за Facebook & Instagram Маркетинг, Курс за UX/UI, Курс за Brand Identity). Кој курс би го издвоилa и зошто?
Искрено не би можела да издвојам, бидејќи секој курс ми беше интересен. Сите курсеви што ги посетував ми помогнаа да го продлабочам моето знаење и да бидам во тек со најновите трендови во таа индустрија. Организираноста на предавањата, разбирливоста на материјалот кој го совладав, односот на инструкторите и нивната достапност и после часовите се работи што ми беа многу битни во обуката.
Со Христина Колова детално го поминавме Facebook & Instagram со сите новини и можни потешкотии во техничкиот и креативниот дел на овие социјални мрежи.
Сања Петрушевска ни ги покажа сите чекори на UX/UI дизајнирање во програмот Figma преку дизајн на веб-страницата за онлајн детска продавница “Дизни”. Програмот Figma сега го користам и за дизајн на реклами, CV… Поучно и интересно беше завршувањето на курсот со подготовките за кариера.
Елена Цветковска преку многу примери и стилски пренесен теоретски дел направи анализа на многу брендови, осврнувајќи се на пишаниот и визуелниот идентитет на социјалните мрежи.
3. Зошто токму SMX беше твојот избор за да го надоградиш своето знаење?
За ЅМХ дознав преку социјалните мрежи. Интересни и забележителни ми беа рекламите, посебно оние каде учесниците ги раскажуваат своите постигнати резултати и знаења од ЅМХ. Задоволна од првиот курс, приказната продолжи со следните курсеви, а секако и во иднина ќе биде дел од моето учење како за нови работи, така и за надградување на знаењата.
4. Како би го опишала твоето досегашно искуство со SMX?
На сите ни е познато дека поради брзината на развојот на интернет технологијата во сите области во општеството неизбежно е и постојано надградување и учење на нови работи. Така јас си помогнав со пренесените знаења на експертите од областа на маркетинг и дизајн во ЅМХ и презадоволна сум од изборот. Јасни и концизни предавања со многу практика, домашни задачи и индивидуален осврт на напишаните задачи, ажурирани податоци, а и пристапни цени е се тоа што ги обележува курсевите на ЅМХ академијата.
5. Што би им препорачала на идните студенти во SMX?
Најискрено го препорачувам ЅМХ на сите оние кои сакаат да научат и да ги надградат своите знаења, а притоа да добијат пријателски, професионален и културен пристап во процесот на учење.