Q&A со Ева Пиперевска, инструкторка на курсот за Google Ads
- март 6, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Повеќе од 80% од компаниите во светот користат Google Ads за промовирање на своите производи/услуги. Потребата за Google Ads Specialist расте секојдневно токму поради популарноста на Интернет пребарувачот Google и се поголемата конкуренција на брендови кои се претплатуваат (bidding) со цел да бидат прв избор на корисниците.
Токму ти можеш да бидеш тој специјалист кој ќе помогне на една компанија да се истакне пред конкуренцијата со помош на знаењето кое ќе го стекнеш на курсот за Google Ads на кој ќе предава инструкторка со над 10 години искуство.
Запознај ја Ева Пиперевска, Google Ads Specialist.
1. Накратко, раскажи ни за твоето досегашно искуство како Google Ads Specialist?
Google Ads е моја специјалност повеќе од 11 години и досега сум имала и добро и лошо искуство а за тоа главна улога имаат проектите и клиентите со кои работам. Не сите бизниси веруваат во PPC marketing, посебно кога Google Ads е еден од најскапите канали за рекламирање онлајн. Но за се треба време така и во оваа сфера на маркетинг. Ми требаше околу 5 години да се специјализирам и да поставам критериуми за тоа како ги бирам клиентите и проектите, и сега можам да кажам дека искуството со овој канал ми е супер.
2. Колкава е употребата на Google Ads?
За разлика од пред 5-6 години моментално скоро сите бизнис се запознаени со овој канал и се употребала на истиот е многу поголема од пред неколку години. Еве еден факт: Google’s Ad Revenue Was $54.48 Billion in Q3 2022
3. Дали е лесно да се најде работа како Google Ads Sepcialist во денешно време?
Да, затоа што е позиција за која има постојано потреба, ама освен Google Ads треба да имате познавања и од аналитика и да имате основни познавања од дигиталниот маркетинг.
4. Што ќе се учи на овој курс?
На овој курс ќе се научат основите на Google Ads. Што се Google Ads, која е структурата на еден акаунт, како се започува со поставување на една кампања, претражување на клучни зборови, пишување на рекламни текстови, бидинг стратегии, како и поставување на кампања за реален бизнис и водење и оптимизација на иститата во рамките на 1 недела.
5. За кого е наменет овој курс? Зошто некој треба да се запише на овој курс?
Курсот е наменет за сите кои сакаат да научат што се Google Ads и кои се основите како и како можете да направите една кампања. Оние кои сакаат да научат како работи овој канал и оние кои сакаат да го збогатат своето знаење во дигиталниот маркетинг.