Q&A со Јоргос Ламбринидис (инструктор на Академијата за програмирање во .NET)
- февруари 17, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Сакаш да започнеш работа во IT индустријата? Една од најбараните IT позиции во моментов е .Net developer. Зошто е тоа така? .NET e една од најупотребуваните платформи за креирање на веб страна, како и веб & мобилна апликација.
Во SMX со помош на нашиот инструктор Јоргос Ламбринидис, кој е Senior .NET Fullstack Developer ја организираме Академијата за програмирање во .NET каде доделуваме 10 полустипнедии наменети за секој оној кој сака да се стекне со квалитетно образование и започне кариера во IT светот!
Денес те запознаваме со Јоргос, со кој заедно ќе научиш како да програмираш со едни од најпопуларните и најбараните програмски јазици C#, JavaScript, ASP.NET; како да развиеш веб апликации со помош на .NET; ќе работиш во тим на реални проекти; и најважно ќе научиш како да го изградиш твоето портфолио на GitHub кое подоцна ќе ти помогне полесно да се вработиш!
1. Кој е Јоргос? Накратко, запознај ги идните студенти на Академијата со тебе.
Јоргос е моментално дипломиран инженер по информатика и работи како Senior FullStack .NET Developer во интернационална софтверска компанија Valtech, а исто така е и инструктор во академијата за програмирање SMX.
Раните почетоци, ги почнува како FrontEnd Developer, за 1 година подоцна да развие вештина во BackEnd програмирање, поточно во C# .NET и во овој домен работи скоро 8 години.
2. Што ја издвојува Академијата за .NET во SMX од останатите?
Преку внимателно креираната програма како и соодветно подготвениот материјал за учење, оваа Академија има за цел да им помогне на учесниците да ги совладаат предизвиците на учење програмирање. Освен тоа, SMX е единствениот едукативен центар кој има едукативна лиценца на платформата GitHub преку која имаме многу лесен и ефикасен начин на извршување на сите задачи и проекти. Секој код што ќе биде комплетиран од учесниците веднаш се прикачува и на нивниот GitHub профил со цел полесно промовирање и аплицирање по завршување на академијата.
3. Што ќе се учи на Академијата за .NET?
Програмата за .NET Академијата вклучува:
- C# Fundamentals
- ASP.NET Core 6/7
- ASP.NET Core Web API
- Entity Framework Core
- SQL / T-SQL
- HTML
- CSS
- JavaScript – Basics
- Bootstrap
- Angular Introduction, Project Folder & Project Architecture
Вака креираната програма овозможува и почетници без претходно искуство да влезат во ИТ индустријата.
4. Зошто програмирање со .NET? Од твое искуство дали .NET е идната #1 IT платформа?
.NET е еден од најпознатите и најупотребуваните програмски јазици на денешницата, кој е подржан и развиван од компанијата Microsoft.
Има широка употреба во целиот свет и најчесто е употребуван за Enterprise системи, односно големи, комплексни проекти, кои бараат точност и стабилност на софтверот кој што се изработува, а сето тоа е овозможено од C# .NET технологијата и со тоа и огромни шанси за голема кариера и многу работни места.
5. Што работи еден .NET Developer?
Кога зборуваме за .NET developer мислиме на софтверски инженер кој го гради софтверот користејќи ги .NET технологиите на Microsoft. Тој се занимава со дизајн, имплементација и развој на софтверските производи според техничките потреби.
6. За кого е наменета оваа Академија? Дали може да бидат дел почетници кои до сега немаат познавање од програмирање?
Оваа академија е наменета за сите оние кои имаат желба да си ја сменат или можеби да си ја надоградат кариерата, без разлика на возраста и без разлика дали се има веќе некое почетничко искуство во програмските јазици или не.
7. Што би им препорачал на идните студенти на Академијата?
Секој почеток е тежок, особено учење на технологии, учење на технички термини како и запознавање со целосно нови работни околини и начини на работење. Меѓутоа, на сите у чесници им препорачуваме да бидат упорни, да се посветат на новиот предизвик и да одвојат доволно време за учење и вежбање, па заедно да успееме во поставената цел.