Q&A со Теодора Лозановска: Зошто курс за Java во SMX?
- април 24, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Теодора Лозановска е искусен Web Developer која како инструкторка во SMX до сега го пренесе своето знаење на повеќе од 50 студенти.
Денес таа ќе ти даде одговори на сите прашања кои можеби си ги поставуваш во врска со курсот за Java, и дополнително ќе чуеме од неа повеќе за Java како програмски јазик.
1. Што е Javа и по што се разликува од JavaScript?
Java и JavaScript звучат слично поради зборот „java“, но двете немаат сличности. Иако Java и JavaScript се користат за развој на веб и мобилни апликации, постојат разлики помеѓу нив.
– Јаvа е објектно-ориентиран програмски јазик (OOP), што значи дека Java се базира на концептот на „објекти“. Објектот може да има име, својства, атрибути или функции.
– JavaScript е јазик за скриптирање, се користи и како програмски јазик заедно со многу платформи и рамки, како што се NodeJs. и ReactJs. JavaScript може да се користи и како функционален програмски јазик, кој се разликува од OOP.
2. Зошто се употребува Java вo денешно време, и зошто некој треба да го знае токму овој програмски јазик?
Java е еден од најбараните јазици кога станува збор за развој на веб- апликации и мобилни апликации. Неговата моќност, функционалност и едноставност му дава предност во однос на другите јазици.
3. Опиши ни ја програмата на курсот? Што ќе се учи?
Вовед во програмирање со Java ги опфаќа основните концепти на програмирањето илустрирани со помош на програмскиот јазик Java. Во рамките на курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање: типови податоци, променливи, оператори и операции, концепти за if-else, while, for, методи и функции…
4. Кое е твоето практично искуство со Java како програмски јазик?
Како дипломиран инженер по информатички науки, професор по ИТ предмети и SMX инструктор на повеќе курсеви од областа на ИТ индустријата можам да се пофалам дека зад мене стојат голем број на проекти (веб и мобилни апликации, големи и мали).
5. За кого е наменет овој курс?
Курсот е наменет за секој што сака да научи објектно-ориентирано програмирање, да се запознае со програмскиот јазик Java и секој кој сака да направи промена во својата кариера.
6. Што можат да очекуваат учесниците од овој курс? Како ќе се одвива наставата?
Учесниците ќе ги совладаат основите на објектно-ориентираното програмирање и ќе се запознаат со моќниот програмки јазик Java. Наставата ќе се одвива онлајн на платформата Zoom.
Уписите за Java курсот во SMX се во тек. Зачувај си место тука.