SMX низ бројки – Што постигнавме во 2022?
- февруари 3, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
2022 година беше една од најуспешните години за нас во SMX. Благодарение на сите вас кои ни укажавте доверба и бевте дел од нашите едукативни курсеви/академии, 2022 ја заокружуваме како успешна година за SMX. Во денешниот блог пост сакаме низ бројки да ви ја претставиме нашата успешна работа со која ја заокруживме 2022 година.
Во 2022 успешно спроведовме повеќе од 70 курсеви/Академии и тоа:
- Курс за AutoCAD
- Курс за програмирање со C++
- Курс за PR
- Курс за Видео обработка во Premiere Pro
- Курс за Дизајн во Photoshop & Illustrator
- Курс за SEO
- Воведен, Напреден и Комплетен курс за Facebook & Instagram Marketing
- Воведен курс за Facebook Ads
- Курс за WordPress
- Курс за сметководство
- Курс за SQL
- Курс за Blockchain Development
- Курс за програмирање со Python & Django
- Курс за Excel
- Курс за PowerBI
- Курс за HTML/CSS
- Курс за Content Writing
- Курс за LinkedIn
- Тренинг за продажни вештини (Sales)
- Курс за WooCommerce
- Академија за Data Analysis
- Академија за PowerBI
- Академија за Full-stack програмирање
Сeкој курс/академија зад себе остави многу убави искуства и успешни приказни, на кои учествуваа повеќе од 820 студенти.
Искуство на учесничка на курсот за SEO
Од курсот сум презадоволна, а програмата беше многу разбирлива благодарение на Јован кој се потруди на многу јасен и едноставен начин да ја пренесе.
Можам да кажам само едно големо браво за целиот тим, си го збогатив знаењето и дефинитивно ќе ми биде од корист за идната кариера. – Вилма Николовска
Искуство на учесник на курсот за HTML/CSS
Најпрво огромно браво за инструкторката Теодора, нејзината посветеност и знаење кои се од големо значење во целокупниот процес на изучување на основите на HTML&CSS. Среќен сум што ги поставив “темелите” во оваа област и што нови хоризонти се отворени пред мене, благодарение на SMX и нивните прекрасни инструктори. – Христаки Бојаџиески
Искуство на учесник на Академијата за Програмирање
Овозможените услови од страна на организацијата, пристапот и посветеноста на инструкторите во проектот, како и соработката со останатите учесници беа клучни за надминување на повеќето тешки моменти во напорното темпо на учење. Покрај развивањето на технички вештини, SMX Academy ми го овозможи контактот со Ludotech – компанијата во која добив шанса преку неколку интервјуа да добијам пракса, а потоа и работа. – Митко Арсов
Тимот на SMX инструктори се зголемува од ден во ден, а во моментов броиме 25 инструктори. Доколку имаш искуство и знаење во некоја област, те охрабруваме да не контактираш и станеш и ти дел од нашето семејство како инструктор.
Што ви ветуваме во наредната?
- Нови едукативни можности
- Поголема бесплатна едукација од наша страна
- Поголема поддршка при вработување или кариерно насочување
Stay tuned…