Student Experience – Андријана Јованова (Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI)
- септември 1, 2023
- Објавено од: Rosana
- Категорија: Data Analysis Успешни приказни
1. Накратко запознај не со тебе?
Моето име е Андријана, и работам како дел од Supply Chain повеќе години во различни индустрии, како што се автомобилската индустрија, електрониката, хемикалиите. Постојано сакам да учам нови вештини и да го збогатувам моето знаење , и сметам дека за да чуствуваме исполнето неоходно е постојано да учиме нешто ново И да се предизвикаме да излеземе од нашата комфорт зона.
2. Дали имаш претходно знаење во Data Analysis и зошто се одлучи да започнеш со Академијата за Data Analysis?
Во моето повеќе годишно искуство постојано се соочувам со потребата и важноста на високо квалитетна анализа, и во индустрии како што се автомобилската и електронската е клучна точноста на податоците и анализа на истите. Дел од моето искуство вклучува и Customer service analysis, односно анализа на форкасти, деманди, однесување на клиенти, KPIs и слично. Поради големината на базите кои се обработуваат сфатив дека ми се потребни алатки како што се Power BI, SQL и Python, и затоа решив да го унапредам моето знаење и да си го олеснам секојдневното работење.
3. Зошто SMX беше твојот избор како едукативен центар?
При изборот на едукативен центар се одлучив за SMX бидејќи достапноста на сите модули за кои што сметав дека ми беа потребни, беа опфатени во програмата. Исто така младите позитивни предавачи беа дополнителен мотив за да се одлучам за SMX.
4. Кој модул од Академијата би го издвоила како најкорисен за тебе?
Сметам дека Power BI е една од најкористените алатки во Data Analysis, но сепак најинтересен и најдинамичен модул за мене беше визуелизации со Python.
5. Како би го опишала твоето искуство на Академијата?
За мене ова беше едно интересно искуство, исполнето со предизвици. Најмногу при учењето ми помогнаа “real life” примерите кои постојано се споделуваа, а исто така и домашните задачи каде што може да ги пронајдам недостатоците во моето знаење.
6. На кој начин го применуваш знаењето стекнато од Академијата?
За секоја day-to-day активност и репорт за кој претходно ми биле потребни неколку часа да ги завршам, сега со примена на алатките можам да го направам истото за половина од времето.
7. Зошто би ја препорачала оваа Академија некому?
Јас веќе ја препорачувам на моите пријатели, бидејќи сметам дека со младите, посветени и трпеливи предавачи секој може да ги совлада овие вештини и да добие знаење кое вреди многу.
Доколку си заинтересиран/а за кариера како Data Analyst – новиот термин за Data Analysis Академијата во SMX ќе започне во Март 2024! Информирај се повеќе тука: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/