Student Experience – Анета Тасевска (Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI)
- мај 20, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Здраво! Јас сум Анета Тасевска со долгогодишно искуство во телекомуникацискиот сектор. Академијата ја започнав со мало предзнаење од анализа на податоци.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Во анализата на податоци гледам голема можност за професионален раст и развој. Сметам дека потребата од Data Analyst е сè поголем во модерните компании, а вештините можат да се искористат во различни сектори.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За можностите кои ги нуди SMX едукативниот центар се информирав од социјалните медиуми. Главна мотивација за избор беше нивната програма која ги покрива сите аспекти кои мене ме интересираа да ги изучам во оваа област, како и можноста да се следи академијата целосно онлајн.
Од обработените модули, SQL, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Секој од модулите навистина беше интересен и корисен за понатамошен професионален развој. Оние што ги издвојувам се SQL и Power BI од причина што веднаш можам да ги применувам и практично користам на работната позиција.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Менување на mindset-от за решавање на комплексни аналитички задачи како и совладување на обемноста на материјалот за кои се потребни правилни насоки од менторот и секако посветено време на дополнителни вежби.
Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Стимулативно и позитивно искуство. Професионалниот тим кој стои позади академијата како и менторите, даваат јасни насоки за распоредот и интензитетот на предавањата и стојат позади тоа. Позитивно изненадување за мене беше отвореноста и флексибилноста на тимот кога се работи за совладување на материјалот, кој истиот се прилагодува во зависност од потребите на групата.
Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Стекнатите вештини ќе ми помогнат да се усовршам во доменот како и да ги оптимизирам процесите во компанијата.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Верувам дека инвестирањето во себе секогаш вреди и истото ќе ви донесе многу нови можности за раст и успех во светот предводен од податоци.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/