Student Experience (Академија за Data Analysis) – Емилија Митревска
- февруари 14, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis Успешни приказни
Се предвидува дека Data Analysis услугите ќе имаат најбрза стапка на раст од 16% до 18% во наредните пет години!
Разговаравме со Емилија, студент на Академијата за Data Analysis во SMX која денес ќе ви го сподели своето искуство за време на истата.
1. Накратко запознај не со тебе?
По професија сум дипломиран одделенски наставник. Но сепак, комуникативна личност сум која сака постојано да учи и да се надоградува. Сметам дека вложувањето во себе е најдобрата инвестиција и сакам да бидам успешен Data Analyst и да им помогнам на компаниите да донесуваат информирани одлуки, да создадат поефикасна маркетинг стратегија и со тоа да го подобрат резултатот и успехот.
2. Зошто Академија за Data Analysis во SMX? Кој беше твојот главен мотив?
За Академијата во SMX дознав случајно од социјалните мрежи. Јас сум ентузијаст за податоци, особено кога можам да ги користам истите за да извлечам значајни заклучоци за растот на компанијата. Отсекогаш ме интересирала ИТ индустријата бидејќи светот секојдневно се модернизира. Од мали нозе сум била добра со Математика и бројки, а и го имам добро совладано Англискиот јазик, затоа и се решив за Академијата за Data Analysis.
3. Кој модул од Академијата би го издвоила како најкорисен за тебе?
Запознавањето и примената на програмскиот јазик Python ми беше вистински предизвик, бидејќи немав претходно искуство.
4. Која проблематика ти претставуваше најголем предизвик и како го надмина?
Мојот најголем предизвик беше да бидам студент. Седењето онлајн со 3 часа предавање понекогаш беше тешко. Се справив со тоа што ја фокусирав сета моја енергија на слушање и бележење. Тоа ми помогна многу да го задржам мојот ум зафатен и сега имам одлични белешки во мојата тетратка. 🙂
5. Што би истакнала како позитивно искуството од Академијата?
Одлична 5ка за Академијата за Data Analysis. Ми овозможи да уживам во пофлексибилен и организиран распоред за да го збогатам своето знаење. Сепак најголема благодарност до самите инструктори кои се одлични во тоа што го работат, успешно го пренесоа своето знаење, беа достапни нон стоп за консултација и го подобрија квалитетот на знаењето кое го добив.
6. Како стекнатото знаење од Академијата за Data Analysis го применуваш денес?
Академијата за Data Analysis исклучително ми помогна да научам нов програмски јазик, како и негова примена, но и да го збогатам моето CV и LinkedIn профилот. Сепак дата анализата е многу потребна во сите интитуции, независно дали е медицина, истражување, финансии, енергетика и сл. Упорна сум и знам дека ќе го пренесам моето знаење на нова работна позиција во иднина.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/