Student Experience – Симона Николовска – Учесник на Data Analysis Academy
- јануари 21, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Data Analysis Student Experience
Симона Николовска ја трансформираше својата љубопитност за податоците во кариера преку Академијата за Data Analysis – програма што отвора врати за професионален успех.
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Здраво! Јас сум Симона димпломирана на медицински факултет – Општа медицина. Работев скоро 4 години во брза помош како доктор по општа медицина. Во 2024год. решив да си одам од државата и да барам нови предизвици кои ќе го надополнат моето искуство и едукација.
Немам никакво предзнаење за модулите кои се изучуваат, но правев истражувања за Data Analysis и гледав видеа и читав по форуми за нејзиното значење.
2. Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Барав нови начини за надополнување на мојата едукација, исто така и нови предизвици. Барав нешто во кое што можам да се пронајдам и евентуално да ги спојам моите предходни искуства од медицината со дата анализа во медицински сектор затоа што правев research пред да се запишам и видов дека и во овој сектор се бараат Data Analysts. Комбинацијата на технички вештини, логичко размислување и креативност е навистина привлечна, бидејќи овозможува и аналитички и иновативен пристап кон решавање проблеми што дополнително ме мотивира.
3. Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку социјалните мрежи. При пребарување за дата анализа на податоци ми излезе SMX Academy. Ја разгледав страната и предходни искуства од студенти. Ми се допадна понудата и се што нуди и изучува за сите модули посебно во овие месеци додека трае академијата, па затоа и решив да ја одберам SMX Academy.
4. Од обработените модули, Excel, SQL, Power BI, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Не би можела да одберам. Мене ми беше се премногу интересно и бев доста заинтересирана да го научам ова, а во исто време и ми беше голем предизвик со оглед на тоа што немав предходно искуство со ниеден програмски јазик. Но влегов со таков mindset пред започнување на академијата дека ќе се посветам максимално и ќе извлечам што е можно повеќе од ова искуство. Бев подготвена да вложам време, труд и трпение за да ги совладам сите модули. На крајот секој модул ме научи нешто ново и ми помогна да ја проширaм мојата перспектива што ми даде огромна мотивација за понатамошен развој.
5. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Еден од најголемите предизвици за мене беше совладувањето на Python, особено затоа што немав претходно искуство со програмирање и програмски јазици. Но со редовно вежбање и континуирано следење на предавањата, воедно и решавање на задачите ми помогна доста во совладување на овој програмски јазик и ми даде голема самодоверба за понатамошна употреба за решавање на реални проблеми и справување со идни предизвици.
6. Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Моето искуство би го опишала како трансформативно и инспиративно бидејќи ми овозможи да отворам нови хоризонти, да се развивам во нова насока и да ги надминам сопствените граници. Академијата не само што беше место за учење туку и место каде можев да си ја поттикнам креативноста и желбата за успех и наука. Ова искуство го гледам како понатамошен личен и професионален развој.
7. Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Мојата цел е да се фокусирам на решавање на реални деловни проблеми преку анализа на податоци, создавање информативни визуализации и обезбедување податоци за донесување подобри одлуки. Планирам да ги применам овие вештини во индустрии каде што аналитиката игра клучна улога, како што се здравство, финансии, маркетинг или технологија. Дополнително би сакала да се надоградувам со нови трендови и технологии и да го усовршам моето знаење.
8. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Без разлика на тоа дали имате предходно искуство или не во дата анализа на податоци, не се плашете да превземете нови предизвици и искуства и да верувате во својот потенцијал. Академијата е дизајнирана да може секој да се вклопи во неа. Ќе бидете опкружени со инспиративни ментори кои се тука да помогнат во текот на овој процес на изучување.
Дали и вие сте подготвени да го следите примерот на Симона? Академијата за Data Analysis ве очекува со нов термин и можност да ги совладате Python, SQL и Power BI за професионален успех.
📩 Дознајте повеќе: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/