Student Experience – Јаков Новески (Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI)
- мај 16, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Data Analysis
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Моето име е Јаков и живеам во Охрид. Работам во Макпетрол веќе 6 години. До моментот на започнување на академијата немав познавање од Data Analysis, освен што имав одгледано неколку едукативни видеа (од таа област).
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Разговарав со блиска личност која е подолг период во IT секторот, бидејќи барав нов предизвик. Ми беше посочено дека токму оваа област е во моментов една од најпросперитетните и со многу опции да се унапредувам со тек на време.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку нивните социјални мрежи. Откако потоа ги истражував менторите на академијата заклучив дека имаат долго искуство и претходните студенти имаат доста позитивни мислења за нив.
Од обработените модули, SQL, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Па мислам дека можам да кажам дека Data Analysis Python ми е најинтересен модул, затоа што најмногу имам потреба да истражувам и да најдам решенија за некои проблеми со кои се среќавам.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Од досега поминатиот материјал и немав некој голем предизвик, можеби најголемитот предизвик ми беше да ја задржам концентрацијата за време на предавањата. Со начинот на предавање на досегашниот ментор Ненад, мислам дека лесно го надминав предизвикот.
Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Со оглед на тоа дека за мене ова е се’ ново и непознато би рекол дека е доста интересно искуство кое се надевам ќе ми помогне при остварување на моите цели понатаму во животот. Како што спомнав и претходно, би сакал да ја изразам мојата благодарност и да го нагласам моето задоволство од пристапот менторот Ненад кој е достапен за помош и дискусија и надвор од времето определено за предавањата.
Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Откако ќе ја завршам Академијата прво ќе се обидам да стекнам дополнително искуство и да го продлабочам моето знаење преку некоја можност за пракса, а понатаму би сакал и да се определам кон развивање на кариера во областа на Data analysis.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Би им препорачал без размислување да пробаат да научат нешто ново, а Академијата нуди одлични услови за почетници. Секогаш достапни ментори за било какви проблеми и прашања.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/