Student Experience – Јасмина Демироска – студент на HR Bootcamp
- јуни 25, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience
По успешно комплетираниот термин за HR Bootcamp, разговаравме со учесничката Јасмина Демироска која ни сподели за нејзиното искуство од истиот, за предизвиците од следење на програмата и балансирањето на работата и домашните обрски, а исто и за што и остави најголем впечаток од буткампот.
Уписите за следниот термин од септември се во тек, пријави се и искористи ја Super Early Bird понудата до 28-ми јули.
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Здраво, јас сум Јасмина Џаку Демироска, дипломиран правник и актуелен студент на SMX – HR Bootcamp. Работам како менаџер на содржина во маркетинг компанија, мајка сум на две деца и иако немам формално искуство во човечки ресурси, мојата работа и животни искуства ми помогнаа да развијам солидни вештини за менаџмент и комуникација.
2. Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?
Желбата да ја надградам мојата кариера во правото, особено во работните и облигационите односи, ме доведе до човечките ресурси. Често ги пратам огласите за работа на домашни и странски компании кои редовно се во потрага по HR професионалци, и мислам дека оваа област нуди многу можности за професионален развој и личен раст. Човечките ресурси се клучен дел од секоја организација, и сметам дека со правилно знаење и вештини можам значително да придонесам кон создавање подобра работна средина и ефективни тимови.
3. Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав сама, преку онлајн пребарување на курсеви и академии во Македонија кои нудат виртуелно (online) предавање. И претходно сум била дел од курсевите на SMX за Content Writing и Google Ads, a главната мотивација беше одличната репутација на SMX за квалитетна едукација и практична примена на стекнатите знаења.
4. Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Искрено, не можам да одвојам само еден модул бидејќи сите три беа доста интересни, поучни и детални, во смисла на теоретско учење и практична примена на истото. Во моментов сум восхитена од последниот модул за ефективна комуникација, овој модул ми даде важни знаења, да речам – од психолошки аспект, кои можам веднаш да ги применам.
5. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Најголемиот предизвик ми претставува балансирањето на обврските како мајка на две деца, полно работно време и студии. Но со добра организација и голема желба, успеав успешно да го совладам овој предизвик.
6. Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за човечки ресурси?
Искуството би го нарекла интензивно и многу вредно. Научив многу нови нешта, за кои не знаев дека постоеле во HR-ството, стекнав практични вештини и подобро ги разбрав човечките ресурси. Ова ми помогна да бидам поефективна во работата и подготвена за идни предизвици.
7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Човечки ресурси во SMX?
Јас лично би им порачала на сите да не размислуваат многу. Без разлика дали сте средношколец или имате +50 години, ако веќе се родила желбата во вас, и ако сте спремни да вложите малку време и повеќе труд, SMX нуди одлична можност за знаење и практични вештини во човечките ресурси. Буткампот ќе ве предизвика, но и ќе ве подготви за иднината во оваа значајна и динамична област.