Student Experience – Ружица Илиќ (Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI)
- мај 20, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Како дипломиран економист, во најголем дел моето работно искуство го стекнав во банкарството, минувајќи низ повеќе различни позиции од областа на продажба на производи и услуги на физички и правни лица во деловна мрежа, како и во областа на кредитни ризици кои вклучуваат комплексни финансиски анализи и оценки на кредитен рејтинг на кредитобаратели правни и физички лица. Моментално работам како Quote and Price Analyst во странска компанија. Накратко, моето целокупно работно искуство во една реченица би било: ‘Data-driven professional with strong background in the Data world’. 🙂
Освен основни сознанија за предметот на работа, потребните компетенции, и вештини за ваков профил на работна позиција , немам претходно знаење во Data Analysis.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Во мојата природа е континуирано тежнеење за унапредување на моето знаење во различни области. Истото, во последнит период во голем дел беше насочено во функција на успешно и ефикасно извршување на досегашните работни обврски. Но одлуката за унапредување на моето знаење во Data Analysis која не ја донесов преку ноќ, произлегува од желбата за промена на предметот на работните обврски, кои покрај постојните компетенции и вештини ќе ги вклучува и моите лични желби предиспозиции и афинитети за решавање на логички и математички проблеми кои ги имам осознаено уште од најрана возраст, во комбинација со мојот аналитичен и визуелен ум.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав при истражување на интернет на понудите на организаторите на Академија за Data Analysis. Главната мотивација да го направам изборот за SMX е целокупниот опфат на трите модули: SQL, Python и Power BI, како и условите и динамиката на одржување на часовите кои највеќе ми одговараа.
Од обработените модули, SQL, Python и Power BI, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Сите модули кои ги обработувавме го задржуваат и интересот и вниманието, пред се заради на некој начин, нивната меѓусебна поврзаност и меѓузавосност. Искрено не би можела да издвојам, во секој модул си имав двигатели, како на пример во SQL и Python уживав во логичкиот начин на размислување додека во Power BI – визуелиниот начин на прикажување на податоците ми беше особено интересен од причина што тоа е и мој начин и алатка за меморија.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Како мој личен предизвик од Академијата би го издвоила следниот. Како одминуваше почетокот на обуката, чуствував дека го немав погодено правилниот пристап на учење поради што морав конкретно да реагирам. Имено, заклучив дека имав потешкотии во терминологијата на задачите, која беше огромна и нова за мене, па затоа приоритетно фокусот го насочив кон пишување на детален опис, да кажам наслов на секоја задача што ми помогна премногу во совладувањето на овие потешкотии. Ми беше предизвик што најпрво открив каде е проблемот, а потоа што го применив соодветниот пристап кој резултираше многу успешно во текот на целата академија.
Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Моето искуство на Академијата можам да го опишам со следните зборови: интензивен труд и посветеност за време на часовите и особено дополнително, максимален ангажман за опфат на проблематиката во сите модули, задоволство од совладување на знаење и унапредување на конкретни вештини, и потврда на моите очекување за поклопување на проблематиката со моите лични предиспозиции и афинитети.
Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Првично сакам да се вработам на работна позиција Data Analysis, а среднорочно се гледам на слична или нова позиција која би ги инкорпорила моите севкупни компетенции и вештини.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Сите што ги поседувате бараните компетенции и вештини, а посебно ако имате лични желби, предиспозиции и афинитети за решавање на логички и математички проблеми, аналитичност и визуеленост, не се двоумите да ја изберете Академијата за Data Analysis во SMX, бидејќи имаат сеопфатност на модулите, прифатливи услови и посветеност, трпение и стручност во одржувањето на часовите од страна на менторите.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/