Student Experience – Оливер Арсов – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- септември 22, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Product & Project Management Student Experience

Со желба да ги унапреди и систематизира своите вештини, Оливер Арсов се запиша на Product & Project Management Bootcamp.
Покрај програмата и работата со менторите, посебна вредност за него претставувала можноста да соработува и да разменува искуства со учесници од различни компании, дејности и нивоа на предзнаење.
Во продолжение прочитајте го неговото искуство.
1. Какво беше вашето искуство со Product & Project Management Bootcamp?
Искуството беше навистина позитивно, динамично и продуктивно.
Покрај квалитетната програма и менторите, впечаток ми остави и солидниот networking.
Имав можност онлајн да соработувам и да разменам искуства со учесници од различни фирми, дејности и со различни нивоа на предзнаење. Тоа ѝ даде дополнителна вредност на обуката и овозможи поширока перспектива на работите.
2. Што ве мотивираше да се пријавите и дали обуката ги исполни вашите очекувања?
Главната мотивација ми беше потребата да ги систематизирам и унапредам своите вештини, како и фактот што по завршувањето се добива меѓународно признат CPD сертификат.
Тоа е одлична официјална потврда за вложениот труд и стекнатото знаење.
Обуката ги исполни моите очекувања преку својот структуриран пристап.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Од стручен аспект, најкорисно за мојот понатамошен професионален развој е стекнатото основно познавање од областа на Product Management, односно разбирањето на целиот животен циклус на еден производ.
Дополнително, како исклучително важна би ја издвоил практичната работа со Azure DevOps алатките за Project Management.
Тоа е конкретна техничка вештина која може да се применува во секојдневните работни процеси.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се пријават?
На сите кои размислуваат да се пријават би им порачал дека оваа обука е многу солидна инвестиција во нивниот професионален развој.
Комбинацијата од стручно знаење за Product & Project Management, CPD сертификат, учење практични алатки и вмрежување со професионалци од различни индустрии претставува одлична основа за кариерен напредок.
Искуството на Оливер покажува дека Product & Project Management Bootcamp не е наменет само за почетници, туку и за професионалци кои сакаат да ги систематизираат своите знаења и да стекнат поширока перспектива.
Програмата му помогнала подобро да го разбере животниот циклус на еден производ, да се запознае со конкретни Project Management алатки и да размени искуства со професионалци од различни индустрии.
Сакате да ги систематизирате своите знаења и да изградите поструктуриран пристап кон Product & Project Management?
Повеќе информации за програмата, практичната работа и начинот на пријавување се достапни на следниот линк.
📖 Повеќе информации за програмата и пријава: https://project.smx.mk/