Success Story – Кирил Павлов, студент на Full-stack Академијата за програмирање
- април 28, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Дали размислуваш проефисонално да се приклучиш на IT светот? Кирил го направи својот избор најпрвин со запишување на Full-stack Академијата за програмирање во SMX во 2022 година, а денес тој доби можност своето знаење да го покаже во компанијата Aeximius SA како Full-stack Software Engineer.
На Кирил му посакавме многу среќа понатаму, и поразговаравме за неговото искуство за време на Академијата и по завршување на истата.
1. Зошто се одлучи за Full-stack Академијата за програмирање во SMX?
– За академијата дознав од претходен учесник на академијата. Неговото задоволство и мојата потреба од насока во учењето беа пресудни за да се запишам на академијата. Уште при првите контакти и нивото на професионализам од организаторите знаев дека нема да погрешам.
2. Што научи на Академијата (издвој модул кој најмногу ти се допадна, и наведи 3 причини зошто?)
– Доколку морам да се одлучам би го одбрал модулот со JavaScript. На овој дел поминавме најмногу време и во овој дел мислам дека научив најмногу. Посебно беше интересно кога почнавме да користиме React и предностите кои ги нуди. Во овој дел започнавме да креираме покомплицирани и подинамички задачи што исто придонесе да биде мојот омилен дел од академијата.
3. Дали имаше претходно познавање од програмирање? Колку академијата ти помогна добро да се запознаеш со full-stack програмирање?
– Да. Имав претходно познавање од програмирање. Сепак академијата многу ми помогна да ги унапредам моите знаења во технологиите кои се користат денес.
4. Издвој ни еден омилен проект, и накратко опиши ни го твоето искуство?
– Најомилен проект ми е последниот проект кој го изработивме на академијата. Станува збор за клонирање дизајн за онлајн продавница за облека. На овој проект најмногу научивме како да се организираме и да го поставиме проектот од старт за да имаме помалку проблеми во понатамошните етапи од развојот. Многу ми помогна што овој проект го работевме во тим по принципот pair programming кој мислам дека е многу добар начин за учење а и за работа.
5. Дали советите зададени од страна на тимот на SMX, ти помогнаа при твоето вработување?
– Да. Освен во техничкиот дел во академијата добивме многу совети и во делот како да пристапиме при подобрување на LinkedIn и GtHub профилите како и насоки при креирање на нашето CV и портфолио.
6. Како и каде го применуваш знаењето стекнато на Академијата?
– По завршувањето на академијата стекнатото знаење го искористив при креирање на проекти кои ги поставував на моето портфолио и GitHub. Ова ми придонесе да се вработам во софтверската компанија Aeximius каде ги користам знењето и советите од инструкторите во секојдневната работа.