Трите Најважни Фази во Процесот на SEO (од искуството на Megantic)
- февруари 6, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: SEO Bootcamp
Оптимизирањето на вебстрани за пребарувачите се состои од неколку елементи со кои ќе се зголеми видливоста на вебсајтот, ќе се зголеми релевантноста на неговата содржина и достигнувања на сајтот.
Во Megantic основни и единствени клиенти на кои работиме се e-commerce вебстраните.
Нашата специјалност е оптимизирање на вебсајтовите за е трговија, и имаме специјализирани тимови кои извршуваат одредени задачи и процеси.
Процесот на оптимизирање на e-commerce веб страните во Мегантик започнува со #SEO Keyword Research.
Стратегијата со која им пристапуваме на клиентите започнува со обемно истражување на клучните зборови. Ова е процес кој од прилика трае околу 4 недели. За време на овој процес, ние учиме и осознаваме повеќе информации за проектите, за нивните цели и навиките на потрошувачите. Градењето на силна основа е она што ги прави нашите проекти успешни и ни дава добри насоки како да продолжиме со целиот процес на оптимизација.
[ Stage 1 ] е првиот дел од вкупно три фази кои ги имаме во целиот процес на оптимизирање.
Во оваа фаза нашиот тим прави целосно истражување на навиките за пребарување на потрошувачите и го бара потенцијалот во проширување на таргет публиката. Сите овие податоци се проследени заедно со импресии на фразите кои се пребаруваат заедно со бројот на месечни пребарувања на фразите или keywords.
Во BootCampot за SMX ние имаме претставник од Research Тимот, Иван Божинов.
Заедно со него ќе бидат разгледувани пазарите, навиките на пребарувачите како и потенцијалните можности кои ги имаат различни клиенти од различни индустрии.
[ Stage 2 ] е втората фаза во процесот на оптимизирање. Овде се става акцент на #Technical SEO и се одвива “позади сцената” во елементите на вебстраните.
Овој дел од процесот ни бара поголема техничка подготвеност и во него работат колеги кои имаат познавање во e-commerce платформите Shopify, WooCommerce, Magento, Neto, BigCommerce.
Селектираната дата на податоци, која е соберена од првата фаза, се обработува и се креира една идеална структура на вебсајтот која во втората фаза се имплементира дирекно на постоечкиот вебсајт на клиентот.
Во овој процес креираме нови страни кои имаат за цел носење на нови потрошувачи како и поголема продажба на производите на клиентите. Овие страни начесто се нови категории за производи на клиентот, креирани според идеалните потрошувачи.
[ Stage 3 ] е третата фаза во процесот на оптимизација со која ги подобруваме ранкинзите на клучните зборови како и одржувањето на органските пребарување на клиентите.
Се што правиме во првите две фази, во третата фаза му носи подобрувања на видливоста на вебстраната и повеќе продажби на клиентот.
Се цел да обезбедиме добри резултати на долг рок, правиме постојани анализа на перфомансите на вебстраните. Го наблудуваме ранкот на клучните зборови како и техничките преформанси на сајтот. Постојано ја следиме конкуренцијата и трендовите на пазарот, со цел да сме во тек со индустријата на клиентот.
Во SMX Bootcampot ја имаме колешката Љубица Костова која е едукатор во Link Acquisition и има работено на OnPage и OffPage SEO во нејзиното 4 годишно работење кај нас во Megantic.
Она што го карактеризира процесот на оптимизирање на вебстраните во Megantic е нашиот холистички пристат кон SEO.
Во процесот на оптимизација на едне проект, скоро секогаш ги вклучуваме сите 35+ елементи прикажани на сликата подолу.
Голем дел од елементите за оптимизација на еден вебсајт ќе бидат дел од SEO Bootcampot во SMX заедно со нашите едукатори Бубе и Иван.
Потоа во месец на практична работа, учесниците ќе имаат прилика да работат на реални проекти и реални задачи поврзани со проектите. Дознај повеќе за ова тука: https://smx.mk/live/seo-bootcamp/