Академија за .NET програмирање - Challenge day

Добиј шанса за полустипендија и попуст

Датум: 28-ми февруари (среда)

Почеток: 18.30 часот | Времетраење: 60 минути

6 Полустипендии | 3 Слободни места со попуст

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе ти испрати линк за вклучување на онлајн настанот пред самото започнување.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Challenge Day на Академијата за .NET?

SMX организира уште еден термин од академијата за .NET програмирање со почеток во март. Преку веќе докажана програма, инструктори со долгогодишно искуство и целосно посветени на пренесување на своето знаење и искуство, SMX овозможува учество на академијата за програмирање преку полустипендија или попуст.

На настанот организиран за 28-ми февруари, SMX ќе направи презентирање на академијата за .NET заедно со инструкторката Тања Илијоска, а потоа следува започнување на предизвикот. Со сите учесници ќе бидат споделен линк од прашања кои треба да ги одговорат во даден временски рок. По завршување на рокот, учесниците со највисоките оценки ќе бидат контактирани и ќе добијат можност за полустипендија во износ од 900 евра.

Пополни ја формата и добиј шанса за полустипендија!

ШТО Е ПОЛУСТИПЕНДИЈА?

Нудиме полустипендии во вредност од 900 евра, а останатите 900 евра се плаќаат по вработување!

Предизвикот за учење на програмски јазик и влез во ИТ индустријата како програмер е голем. Затоа SMX одлучи да овозможи уникатна шанса за нашите студенти, каде ќе го дадеме нашиот максимум за совладување на материјалот и асистенција при процесот на вработување. На овој начин, ние инвестираме во нашите студенти суштински да го научат материјалот и да бидат подготвени за започнување на работните позиции во ИТ индустријата.

Преку оваа опција, SMX овозможува заеднички да се вложиме и да ја оствариме целта – вработување по завршување на академијата. Со полустипендија, плаќаш половина од сумата односно 900 евра на рати без камата, а останатата сума од 900 евра се плаќа повторно на рати, но само ако се вработиш во ИТ компанија по завршување на академијата. 

Како да добиеш полустипендија?

Пријави се на бесплатниот настан на 28-ми февруари, одговори на прашањата кои ќе ги испрати нашиот тим и добиј шанса да бидеш дел од академијата за програмирање како учесник со полустипендија.

SMX за .NET академијата
доделува

6 ПОЛУСТИПЕНДИИ

Добиј шанса за уште 6 полустипендии во вредност од 900 евра со плаќање на рати

3 МЕСТА СО ПОПУСТ

Остануваат уште 3 слободни места со 25% попуст, намалена цена од 1800 на 1350 евра со плаќање на рати без камата.

Запознај ги говорниците и
инструкторот на академијата за .NET програмирање

Тања Илијоска е софтверски инженер со богато искуство во областа на финансискиот софтвер кој работи со .NET технологии 12 години. Дипломирала на ФИНКИ и го продолжила своето образование на магистерски студии во областа на статистика и аналитика на податоци. Работејќи за светски корпорации како клиенти допринесува во напредокот и иновациите во областа на финансискиот софтвер. Гo има проширено своето искуство со неколку Front End технологии како React и Angular и има искуство со Azure.

Тања Илијоска

Софтверски Инженер

Глигор Ризов

Основач на SMX Academy

Глигор Ризов, основач на SMX и основач на дигитална маркетинг агенција Roccad. Глигор има 7 годишно искуство како дигитален маркетер и соработувано со голем број на домашни и странски компании. Во досегашното работење, има менаџирано над 500.000 евра во потрошен буџет на социјалните мрежи, најголем дел за е-тррговија сајтови и генерирање контакти (lead gen) за најразлични индустрии.

SMX организира 7 месечна
Академија за .NET програмриање

SMX стартува уште еден термин од .NET академијата за програмирање! 

Преку веќе докажана програма, искусни инструктори и усовршени начини на работа и учење, ќе се стекнеш со знаење и вештини кои се потребни за да започнеш кариера во IT светот. 

ЗОШТО АКАДЕМИЈА ЗА .NET ПРОГРАМИРАЊЕ ВО SMX?

PAIR LEARNING - Паралелно учење и работење во парови

SMX е првиот едукативен центар кој воведе нов и уникатен начин на учење на материјалот преку работа на задачи и проекти во пар.

КОРИСТЕЊЕ НА GITHUB CAMPUS

SMX е единствениот македонски едукативен центар кој е во партнерската програма на GitHub што ни овозможува понапредно работење и учење.

ЕДЕН ТЕРМИН ГОДИШНО

Нашиот тим знае дека на секоја група од академијата мора да се посвети доволни време за нивото на знаење да биде високо.

ДОКАЖАН ТИМ НА ИНСТРУКТОРИ

Секој од инструкторите има најмалку 7 години искуство како програмер, посветени целосно на обезбедување квалитетна едукација

ПРОГРАМА

Посебен фокус во програмата ќе биде ставен на совладување на Git и GitHub преку нашата соработка со GitHub Campus, како и на работата во пар во форма на Pair Learning (Programming)

C# Fundamentals

ASP.NET Core 6/7 | ASP.NET Core Web API

Entity Framework Core

SQL / T-SQL

HTML/CSS / Bootstrap

JavaScript - Basics

Angular Introduction, Project Folder & Project Architecture

Работа на реални проекти

Career Prep / Networking

ШТО ЌЕ НАУЧИШ

Како да работиш со Git и како да го користиш GitHub за градење на портфолио и работа во тим

Како да програмираш со едни од најпопуларните и најбараните програмски јазици C#, JavaScript, ASP.NET

Развивање на веб апликации користејќи ги технологиите од програмата

Како се работи на реални проекти во тим со помош на искусни ментори кои преку практични примери ќе ти помогнат да го стекнеш потребното знаење

Како да го изградиш твоето портфолио на GitHub и како да го оптимизираш твојот LinkedIn профил за зголемени шанси за вработување