Глигор Ризов, основач на SMX и основач на дигитална маркетинг агенција Roccad. Глигор има долго-годишно искуство како дигитален маркетер и добро е запознаен со градењето мрежа како и воспоставување на фриленс и компаниски контакти преку LinkedIn платформата. На вебинарот ќе се вклучи како ко-говорник, да сподели лични искуства и да поттикне дискусија помеѓу учесниците и главниот говорник.
Инструктор на курсот за Power BI е Теодора Живковиќ, која е дипломиран економист во областа на финансии и финансиски менаџмент и веќе скоро 8 години работи како aналитичар на финансии и податоци.
Теодора има големо познавање и искуство со MS Power BI, SQL, Python, машинско учење и напреден Excel.