5 Предности на работа како Social Media Manager (преку личното искуство на SMX)
- ноември 17, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
Секој бизнис денес има потреба од присуство на социјални медиуми. НЕ само за да фигурира како достапен на Facebook & Instagram, или некој друг медиум, туку и за инетракција, конекција, и иновација. На кој начин?
- Интеракција – Социјалните медиуми се начин на комуницирате со вашите потрошувачи во секое време, од секаде.
- Конекција – Социјалните медиуми се начин да се поврзете со нови потенцијални потрошувачи и за вашиот бренд да дознае поширок аудиториум
- Иновација – Социјалните медиуми во денешно време нудат безброј можности за преставување на еден бренд. Оттука уникатноста на брендот може да биде истакната на НОВ начин со кој овој бренд ќе се ИЗДВОИ од конкуренцијата
Како ги применуваме Социјалните медиуми во SMX?
Интеракција – SMX редовно комуницира со студентите преку повеќе социјални медиуми вклучувајќи: Facebook; Instagram; LinkedIn; и наскоро TikTok. На кој начин? Директна комуникација, интерактивна двострана комуникација преку опцијата Instagram Story итн.
Конекција – Со помош на социјалните медиуми, SMX до сега се има поврзано со повеќе од 6000 контакти од кои 3000+ се веќе студенти и дел од големото семјество на SMX!
Иновација – SMX како едукативен центар постојано се развива, а со тоа и едукативните програми кои ги нудиме. Оттука НОВО во SMX што досега не е достапно на Македонскиот пазар се 4-месечните Bootcamps за кои повеќето студенти дознаа преку нашите социјални медиуми.
Во наредниот дел од овој блог пост, откако ја увидовме моќта на социјалните медиуми (кога се употребуваат правилно), со помош на долгогодишното искуство со менаџирање на социјални медиуми, Глигор (основачот на SMX) и Христина (Digital Marketing Manager во SMX) ќе ви доловиме неколку предности во работењето на Social Media менаџерите!
Кои се предностите во работата на еден Social Media Manager?
Флексибилно работно време
Нешто за што повеќето тежнееме е работа која нема да не ограничува. Работата како Social Media Manager може да ти го овозможи токму ова, особено ако работиш како Freelancer!
Постојана работа за различни брендови во различни индустрии
Работата на речиси секој Social Media Manager не е статична. Што значи ова? Секој Social Media Manager работел или ќе работи за клиенти кои нудат различни производи/услуги, и освен индустријата, ретко ќе наиде на сличен или ист бренд, што ја прави оваа професија секогаш ИНТЕРЕСНА.
Работа од каде ќе посакаш
Речиси секоја работна позиција како Social Media Manager е со Remote Office – ова значи дека ти бираш од каде ќе работиш!
Активна работна позиција на пазарот за труд
Потреба од социјални медиуми има речиси секој бизнис во денешно време. Оттука, потребата од некој кој ќе ги менаџира тие социјални медиуми е се поголема и постојано активна.
Доколку сакаш да започнеш кариера како Social Media Manager првиот чекор е соодветна едукација (добро да ја разбереш работата на социјалните медиуми), а потоа практично да можеш да го имплементираш знаењето. Токму за време на Social Media Marketing Bootcamp во SMX имаме вклучено теоретска настава И 1 месец практична работа. Дознај повеќе тука: https://smx.mk/live/social-media-marketing-bootcamp/