Доколку имате и-меил, веројатно веќе сте добиле еден или повеќе newsletters. По дефиниција, newsletter или електронски билте може да речеме дека е известување во форма на и-меил кој го добивате периодично од заедницата во која се имате приклучено. Во еден newsletter, може да има најразлична содржина која може да биде и од промотивен и од не промотивен карактер.

Доколку сакате да бидете во тек со сите новости но не сакате или немате време да пребарувате често на интернет за да останете информирани за сите ваши интереси, во денешно време доволно е да користите и-меил, да сте љубители на newsletters и, се разбира, да ги отварате вашите и-меили од време на време.

Речиси сите веб страни содржат „input“ поле во кое може да го оставите и-меилот. Со потврдување на твојата и-меил адреса стануваш дел од нивната база на корисници кои имаат дадено согласност за добивање на newsletters. 

Newsletters, или електронските билтени, се составени од содржини од најразлични експерти со широк спектар на теми кои ги споделуваат со вас. Постојат многу одлични билтени кои може да ве инспирираат или ви помогнат да научите нешто ново.

Бидејќи јас лично обожавам newsletters, би сакала да споделам со вас само дел од оние кои ми го полнат и-меилот редовно. Се надевам дека ќе ви бидат корисни и ќе најдете нешто интересно.

1. Medium

Medium има разработено алгоритам со чија помош следи за што се заинтересирани корисниците и врз база на тие податоци креира соодветен newsletter за тебе. Иако дел од содржините се платени, вреди да го имаш нивниот меил во твоето сандаче, бидејќи на тој начин секогаш ќе имаш нешто ново и интересно за читање во сандачето.

2. Smashing Magazine

Smashing Magazine е еден од најстарите и најпознати електронски билтени кои разработува содржини за веб и веб девелопери. Билтенот Smashing обезбедува одлична слика во тековната состојба на развој на веб. Со претплатата на нивниот двонеделен билтен, ќе ги добиваш најдобрите натписи директно испратени во твоето сандаче.

3. CSS Tricks

Кога пребаруваш нешто на Google во врска со CSS, CSS Tricks секогаш се појавува помеѓу првите резултати. Креаторот Chris Coyier вели дека понекогаш се прашувал себе си: како да остане ажуриран со сите нови работи во оваа брза индустрија?

Тој силно се надева дека неговиот билтен кој содржи материјали од CSS Tricks како и од многу други извори ќе ви помогне во тоа да останете ажурирани со најновите вести во CSS светот.

4. WebdesignerDepot

Webdesignerdepot.com е одличен блог за развој на веб и веб-дизајн. Преполн е со брзи и нови вести, како и инспиративни долги текстови за читање. Се разбира, секогаш испраќаат newsletter кога имаат нови трендови, услуги и алатки за споделување. Особено интересен е Freebies делот, каде на своите корисници им даваат бесплатни иконки, фонтови и други дизајнерски „essentials“.

5. Morning Brew

Нивното мото е “Станете попаметни за само 5 минути”. Morning Brew собира интересни приказни за бизниси и не се фокусирани само на финансискиот дел. Содржините што ги нудат претставуваат одличен извор на материјали кои може да ги споделувате на социјалните медиуми доколку сте сопственик на бизнис.

6. NYTimes Morning Briefing

Утрински брифинг со Њујорк Тајм ефикасно ги сумира врвните вести од денот и нуди долг список на приказни со теми кои вреди да се прочитаат. Читањето на нивната содржина одзема околу 20 минути, а ќе бидете во тек со сите актуелни новости во светот.

7. SourceMX Academy

Билтените на SourceMX Academy се секогаш разновидни и изобилуваат со корисна содржина внимателно избрана со цел да ги задоволи сечии потреби на читателот. Младиот тим на академијата се труди да го ажурира блогот редовно и секогаш кога има новости како на пример нов корисен блог пост или бесплатен настан, го споделува тоа со претлатените корисници на нашиот Newsletter.

Сакаш да станеш наш претплатник?