Што е видео-обработка и како да започнеш кариера како Видео Едитор?
- април 19, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Graphic Design
Видео едитирањето и motion graphics специјалистите се едни од најбараните вештини на пазарот денес. Блог постовите и пишаните текстови веќе почнуваат да се заменуваат со видео содржина на сите платформи на интернетот. Како резултат на тоа, има бум во побарувачката на професионалци кои знаат како да обработуваат видеа и да користат ефекти за манипулација на елементите.
Овде ќе наведеме неколку причини зошто вреди да се започне со учење на софтвери за обработка на видео, но најпрво да започнеме од основите, што е видео едитирање (обработка)?
Видео едитирањето е процес на манипулација и прераспоредување на делови видео материјал со цел да се добие нов изглед на видеото за подобро да се долови приказната. При видео едитирањето се прави сечење на одредени делови од материјалот, се додаваат аудио ефекти како и транзиции при преминување од еден клип на друг.
Целите на едитирањето можат да бидат најразлични, од бришење на непотребен видео материјал, додавање на нов материјал, додавање нови текстуални и звучни елементи па се до креирање на комплетно променет тек на дејствието преку што може да се претстави главната поента на самото видео.
Дали вреди да се започне кариера како видео едитор?
На кратко, видео едитор е одличен избор за кариера. Денес, како резултат на се поголемата побарувачка на вакви професионалци, има голем број на достапни можности за развој во оваа индустрија. Освен тоа, анализите и проекциите покажуваат дека оваа индустрија ќе продолжи да расте во наредните 10 години бидејќи видеото како формат почнува се повеќе да се консумира.
Како видео едитор, можете многу лесно да се префрлите од една во друга улога во филмската и музичката индустрија. Но, освен тоа, има многу опции и во други медиумски области. Видео едитирањето се користи и во училишта, ТВ медиуми и многу други мали бизниси, поради што, лесно можете да научите нови техники и да се надоградите во друга област.
Од каде да започнете со учење?
Најпрво, корисно е да имате развиено чувство за детали, имагинација и креативност. Истовремено, важно е да знаете дека е потребно трпение и фокус, бидејќи честопати ќе имате голема количина на материјал кој треба да го прегледате и да изберете кои секвенци се најдобри.
Освен овие вештини, клучно за успех во оваа индустрија е добро познавање и работење со некој од софтверите за едитирање. Како најпознат и најкористен софтвер денес е Adobe Premiere Pro, кој доминира на пазарот уште од 2003 година.
Premiere Pro e NLE (nonlinear editor) нелинеарен едитор со главна функција за едитирање видео клипови заедно во секвенца. Ова е програмата која е најкористена од страна на почетниците за креирање едноставни видео и музички клипови.
Со Premiere Pro имате пристап до алатки кои ви помагаат да направите повеќе од само обработување на видео. Ова е дефинитивно еден од најдобрите софтвери за видео-обрабиотка кој дава можност за прилагодување на бојата, звукот и многу повеќе.
Токму затоа, SMX Academy организира курс за видео-обработка за почетници во Adobe Premiere Pro, на кој ќе имате можност да научите како функционира програмата и ќе можете да почнете со изработка и преработка на видеа.
Прочитајте повеќе и пријавете се овде.