ЗОШТО Е ДОБРО ВАШИОТ БИЗНИС ДА ИМА СОПСТВЕНА ВЕБ-ПРОДАВНИЦА?
- мај 4, 2022
- Објавено од: Igor Spasovski
- Категорија: Дигитални вештини
Во текот на последните неколку години, е-трговијата стана незаменлив дел од глобалниот пазар за продажба, а посебно за продажбата на мало. Како и многу други индустрии, малопродажбата претрпе значителна трансформација по доаѓањето на интернетот и благодарение на тековната дигитализација на модерниот живот, потрошувачите од речиси секоја земја сега профитираат од придобивките од онлајн трансакциите.
Поради лесниот пристап до интернет ширум целиот свет, бројот на дигитални купувачи продолжува да се зголемува секоја година. Во 2020 година, над две милијарди луѓе купиле стоки или услуги преку интернет, а во текот на истата година, малопродажбата преку интернет низ светот надминала 4,2 трилиони американски долари.
Пристапот до интернет во денешно време е уште полесен преку сè пошироката примена на паметни телефони. Во 2021 година, паметните телефони сочинуваат речиси 70 % од сите посети на веб-страни за малопродажба ширум светот. Со овој тренд на користење на телефоните за интернет пребарување, онлајн продажбата и во наредните години ќе продолжи сè повеќе да расте.
Затоа, за секој бизнис, а посебно за малите бизниси, е неопходно да имаат своја сопствена веб-продавница.
Преку веб-продавницата, може да изградите посебна и лојална публика која постојано ќе купува од кај вас. Исто така, имате одлична можност да бидете креативни и да создадете уникатно купувачко искуство кое на долги стази ќе ви носи нови клиенти и секако поголем профит.
Во продолжение прочитајте и уште неколку причини зошто е добро да имате веб-продавница за вашиот бизнис.
1. Работно време 24/7
Празниците се најдобро време за продажба, но исто така е најлошото време да бидете физички присутни и активни во вашата продавница. Меѓутоа, доколку вашиот бизнис е веќе на интернет, онлајн-продавницата ќе ви биде активна во секое време, без разлика дали е дење или ноќе, викенд или празник, и вашите потрошувачи ќе можат во било кое време да купат ваш производ или услуга.
2. Поширок опсег и поголема прегледност на производите/услугите
Додавањето веб-страна за е-трговија ќе Ви помогне да стекнете поширок опсег на потенцијални потрошувачи, односно потрошувачите да се со место на живеење од друг град, па дури и од друга држава.
Воедно, преку веб-продавниците, потрошувачите можат да трошат помалку време за купување на она што го сакаат. Тука можете да им прикажете најразлични и многубројни колеции, па тие ќе можат лесно да прелистуваат истовремено и да купат што им се допаѓа.
Кога имате докажани производи, како на пример најдобра храна за кучиња на пазарот или очила со висока класа за кои знаете дека ќе им се допаднат на клиентите, можете да ги истакнете напред во вашата онлајн продавница и на тој начин ќе им олесните на вашите клиенти да ги најдат. Знаете дека другите клиенти го купиле истиот производ и биле задоволни со нив, така што знаете дека овие производи најверојатно ќе имаат корист и за други клиенти.
3. Да креирате препознатлив идентитет за бизнисот
Имањето веб-страница за е-трговија ќе ви помогне да се разликувате од другите, односно да се истакнете од конкуренцијата. Идентитетот ги вклучува името, логото, боите или какви било дефинирачки карактеристики што јавноста ги поврзува со вашиот бренд. Клиентите прво истражуваат онлајн, без разлика дали купуваат на тој начин или во физичка продавница. Присуството на интернет помага да бидете сигурни дека потенцијалните клиенти ќе ги најдат информациите за вашиот производ и ќе можат да направат споредба. Кога бараат производ онлајн, сакате да бидете наведени меѓу најдобрите резултати.
Добро управувана веб-продавница ќе ви помогне да привлечете многу повеќе внимание од потенцијалните потрошувачи.
4. Подобра поддршка
Повеќето бизниси за е-трговија обезбедуваат опција за деноноќна поддршка за нивните клиенти. Ова е многу клучен фактор за добивање лојани потрошувачи и без оваа услуга, многу е тешко за онлајн бизнисите да преживеат.
Интернетот овозможува да одговарате на прашања, да одржувате вебинари за продажба и да ги решавате проблемите со клиентите – сето тоа без да одвојувате многу од вашето време. Може да креирате видео, листа со спецификации на производот или дел со често поставувани прашања и ќе можете да ги насочувате клиентите до тие информации со години. Ова не само што ви заштедува време, туку и обезбедува многу подобра услуга.
5. Понуди и промоции
Една од најпримамливите работи за потрошувачите во е-трговија се зделките, односно понудите и промоциите кои еден бизнис може да ги понуди. Интересните и исплатливи зделки секогаш привлекуваат голем број потрошувачи, а со тоа ќе се зголемува вашата заработка.
6. Намалување на трошоците
Намалувањето на трошоците е секако е еден од најклучните фактури и најголемите предности на веб-продавницата за бизнисот. Голем број продавачи плаќаат многу пари за да ја одржат својата физичка продавница, бидејќи најчесто имаат трошоци како кирија, поправки, инвентар и слично.
Со веб-продавницата, нема да имате потреба од дополнителен персонал, рекламирањето и маркетингот се поевтини и нема да морате да вложувате пари за простор. Ова е добра можност за индивидуални и мали продавачи кои сакаат да заработат приход, но го немаат потребниот почетен капитал.
Знајеќи ја потребата на бизнисите за поседување на веб-продавница, организираме курс на кој нашиот инструктор на сите учесници ќе им помогне да научат како да изградат онлајн продавница и како да ги продаваат своите производи/услуги на интернет.
Формирањето на групата за курсот веќе е во тек и бројот на учесници е ограничен. Доколку сакате да научите како и вие да го префрлите вашиот бизнис Online, резервирајте си место во групата ТУКА.