Q&A Разговор со Јован Костов, инструктор на курсот за SEO
- септември 12, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Дигитални вештини
Дали вреди да се учи SEO во 2022 година? Дали е добра работна можност? Дали има голема побарувачка за SEO експерти во денешницава?
Добиј одговори на сите прашања кои те делат од започнување или надоградување на твојата кариера како SEO експерт, во денешниот Q&A разговор со Јован Костов, инструктор на курсот за SEO.
Јован е присутен па пазарот за Дигитален Маркетинг уште од далечната 2013 година. Тој е пример за посветеност и професионалност со тоа што е сеуште дел од тимот како дигитален маркетер, во Австралиската Дигитал Маркетинг агенција “Мегантик” и после девет години. Напредувајќи во своето работење, во 2015 станува и тим лидер, односно одговорен за работата на членовите на неговиот тим и за голем број на проекти од висок профил. Од 2017 година, Игор работи и во ElectricBot како SEO Specialist.
- Како научи SEO?
SEO почнав да учам само инцијативно преку се што беше достапно во 2012 година. 2013 се вработив во маркетинг агенција каде ги добив првите посериозни обуки и практична работа.
- Кој е твојот омилен дел од работата?
Омилен дел од работата со SEO e тоа што кога го работиш квалитетно и темелно резултатите секогаш се тука.
- Што е најтешкиот дел во работата со SEO?
Најтешкиот дел е кога треба да објасниш на потенциален клиент дека ќе направи вистиски чекор ако имплементира SEO на својот сајт. Продавањето на услуги секогаш се смета за тешка работа.
- Кои се најдобрите SEO Алатки?
AHREFs, SemRush и секако алатките кој ги обезбедува Google, а тоа се Google analytics и Google search console.
- Според тебе, кои квалитети се потребни за да се биде ефикасен во улогата на SEO специјалист?
За некој да биде успешен во оваа работа треба да биде трпелив, да знае да анализира повеќе извештаи за да извади заклучок и да биде можеби и најважно истраен во работата, затоа што ништо не одаѓа преку вечер.
- Кој е најголемиот предизвик во работата со SEO?
Да се достигне првото место на Google и да се опстане таму долго време.
- Kaко почетник, каде е најдобро да се бара работа за SEO?
Постојат доста маркетинг агенции кои бараат јуниори и кај нас во Македонија, па така човек без искуство може без проблем да ја добие шансата. Друг начин се секако сајтовите за фриленс, каде можете полека но сигурно да креирате портфолио кое би ве довело до големи заработки. Друга опција е да си направите сами сопствен сајт, ваш проект и да пробате да имплементирате SEO.
- Што би им препорачал на почетниците?
За успешна приказна во SEO светот доволно е да ја имате силната желба, потоа следува учење (најдобро според мене преку онлајн курсеви) a ако се доволно упорни и истрајни успехот секако ќе дојде.
- Која е твојата најголема успешна приказна/стратегија за дигитален маркетинг/SEO?
Конкретен успех не можам да наведам но најубаво е кога ќе сработите некој комплициран проект, проект кој имал претходно имал работено лошо SEO, проект кој има многу проблеми и грешки, па кога после вашата работа ќе почнат да идат добрите резултати и големите приходи на сопственикот.
- Зошто SEO?
Затоа што е најефтиниот начин да дојдете до големи заработки, до големи органски посети на вашиот сајт, до првото место на најголемиот веб пребарувач Google.
Дознај повеќе за целосната програма на курсот за SEO на следниот ЛИНК.