Q&A Разговор со Maja Aтанасоска, инструкторка на курсот за UX/UI дизајн
- септември 15, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Блог за дигитални вештини
Што е UX, а Што е UI дизајн?
Два термини кои често ги среќаваме заедно, а всушност значат две различни работи. Која е разликата?
UX се однесува на „дизајнот наменет за корисничкото искуство“, со што дизајнерот осмислува целосен дизајн за продукт во кој ќе ги вклучи сите решенија за потенцијални проблематки со кои корисникот би се соочил при употреба на производот со една цел: совршен производ а со тоа ефективна употреба на истиот.
UI го претставува „дизајнот на кориснички интерфејс“ – или визуелниот дел на производот, со што дизајнерот тука осмислува комбинација од фонтови, бои, анимации и фотографии со цел повторно да креира совршен производ, но овој пат само од естетски аспект (интерфејс).
Дали професијата како UX/UI дизајнер е вистинскиот кариерен избор за тебе?
Во денешниот блог пост разговараме со Maja Aтанасоска, инструкторка на курсот за UX/UI дизајн. На прашањето како таа ја започнала својата кариера како UX/UI дизајнер го добивме следниот одговор:
„Сосем спонтано, кога започнав да бидам член во СП ФИНКИ, каде им требаше дизајнер а оттука почнаа и дизајните на првите дизајни на апликации.“
Маја покрај тоа што е дел од UX/UI индустријата, таа воедно е и основач на блогот Percalus, Social Media дизајнер и менаџер. Во прилог таа ќе ти даде одговoри на сите прашања кои те делат од започнување или надоградување на твојата кариера како UX/UI дизајнер.
- Kолку време се занимаваш со UX/UI?
Ова ми е 5та година како се занимавам со UX/UI дизајн.
- Според тебе, кој е најтешкиот дел за совладување во UX/UI?
Сметам дека и двата дела се тешки. Како што ќе го совладаш корисничкото искуство кое е битен дел за да ги запознаеш корисниците и ги подобриш нивните проблеми со твои решенија, така треба да го подобриш и естетскиот изглед/интерфејсот. Човечкото око забележува се’ во првите 3 секунди, затоа и е битно да се подобриме и во изгледот на интерфејсот.
- Kолку време е потребно за да се стане UX/UI дизајнер?
Не постои конкретна рамка за да бидеш дизајнер. Минимално во 3 месеци доколку се совлада материјалот, односно со секојдневна пракса. Некој може да стане за 3 месеци, некој за 1 година. Зависи од самото вложено време, труд и практичен дел.
- Кои 3 Tips & Tricks би ги споделила со идните UX/UI дизајнери?
а) Не се приврзувајте емоционално со дизајните кои ги правите за вашите клиенти (клиентот е секогаш во право)
б) Колку поедноставен и минималистички дизајн, толку пофункционален.
в) Секој почеток е тежок, и не очекувајте на почетокот да сте WOW.
- Како најбрзо да се дојде до работа/проект?
Имајте добро портфолио, но и пристапувајте сами до клиентите и работодавачите. Бидете уникатни и свои.
- Што би им препорачала на почетниците?
Повеќе да се вложат во практичниот дел, да не ги земаат при срце коментарите за нивните дизајни, и да прашуваат почесто кога нешто не им е јасно или имаат потреба од помош.
- Зошто UX/UI?
Индустријата се зголемува од ден на ден со нови продукти, а со тоа има и потреба од UX/UI дизајнери. Доколку сте креативни, размислувате логички, сакате психологија и маркетинг ова е идеалната професија за вас.
Дознај повеќе за целосната програма на курсот за UX/UI на следниот линк .