#BehindTheScenes – Курс за Microsoft Power BI
- септември 28, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis Дигитални вештини
Како се одвиваше курсот за Microsoft Power BI кој се одржа ова лето? Дознај повеќе во денешниот блог пост!
Бидејќи знаеме колку е важно да бидеш целосно информиран/на при процесот на донесување на важна одлука за твојата кариера, одлучивме да ти претставиме мал дел од тоа како се одвива еден курс/академија во SMX и какви се мислењата на учесниците.
Најпрвин да разгледаме Што е Power BI?
Со едноставни зборови алатка која ќе ви овозможи хаосот од податоци да го претворите во уредни, и визуелно извонредни извештаи.
Што се опфаќаше програмата на курсот за Power BI?
Курсот се одвиваше 6 дена, во две недели, а во текот на истите се изучуваше програма која најпрвин ги запозна учесниците со алатката Power BI, а потоа се осврнавме на делот со собирање податоци од различни извори и нивно моделирање што е една од основните примени на алатката Power BI. Во втората недела заедно со учесниците креиравме извештаи (reports), потоа визуелизација на податоци во Power BI Desktop, како и нивно филтрирање и анализа, и за самиот крај заедно ги презентиравме уредените податоци преку табели и графикони во Power BI.
Која беше целта на овој курс?
Курсот имаше за цел да ги подготви учесниците по завршувањето, самостојно да можат да ја применуваат Power BI алатката за да собираат податоци од различни извори, да ги организираат и презентираат во модерни, интерактивни и визуелно привлечни извештаи, а најважната цел ни беше надоградување на знаењето на учесниците со уште една напредна алатка, што не мотивираше да ја создадеме и Академијата за Power BI која ќе започне на 4-ти Октомври преку која дополнително им овозможуваме на студентите поголема и сеопфатна програма која ќе ги подготви за совладување на целиот материјал потребен да се здобијат со сертификат од Microsoft, бесплатното тестирање за стекнување на сертификатот, и стекнување на титулата: Power BI Data Analyst Associate.
Кој ја предводеше наставата на курсот за Microsoft Power BI?
Инструкторка на курсот и Академијата за Power BI во SMX е Теодора Живковиќ, aналитичар на финансии и податоци со повеќе од 8 години работно искуство. Таа своето знаење несебично го сподели со нашите студенти, а што имаат тие да кажат за неа во прилог издвојуваме:
“За курсот за Power BI имам само пофалби. Прецизно и јасно беа објаснети повеќето функции од Power BI алатката. Инструкторката Теодора успеа за кратко време да ни прикаже како од неколку табели може да се направат извештаи и проверки, кои лесно се применливи во секојдневното работење во делот на анализа на податоци. Благодарност до SMX Academy и секако до Теодора” – Светлана Размоска – учесничка на курс за Power BI
“Ми беше задовоство што учествував на курсот за Power BI и сум благодарна на целиот тим на SMX Academy за ажурноста. Исто така, благодарност и до инструкторката Теодора за нејзината посветеност и нејзиниот труд за на најлесен и најразбирлив начин да ни го пренесе знаењето. Се надевам дека ќе имам корист од обукава и ќе го користам Power BI во понатамошното работење. За дополнителни обуки и надградувања ќе ве имам секогаш во прв план!” – Соња Мишева – учесничка на курс за Power BI
За кого беше наменет овој курс?
Првично сметавме дека курсот ќе биде најсоодветен за почетници кои што сакаат да се занимаваат со аналитика на податоци, но потоа кога ја анализиравме публиката и интересот сфативме дека овој курс може да го изучува секој бидејќи е надоградување на знаењето со алатка која е унапредена замена за Excel, а на сите ни е добро позната примената на Excel во секојдневието.
За крај ве оставаме во добро, со уште едно споделено искуство од наша учесничка за која сме убедени дека амбицијата и желбата за да го надоградува своето знаење ќе и овозможи успешна кариера понатаму.
“Чест и привилегија ми беше да следам ваков курс. Целата организација и знаењето на инструкторката беше врвно, немам никакви забелешки. Можам да кажам само браво , си го збогатив знаењето и дефинитивно ќе ми биде од корист за идната кариера.” – Симона Петковска – учесничка на курс за Power BI