Бесплатен вебинар за Fullstack Web Development
Како до Front-end и Back-end Апликација користејќи ги JavaScript, React, Node.js
Со пополнување на формата ќе добиеш снимка од вебинарот
Времетраење: 90 минути
Бесплатно
Ниво: Почетник
Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е JavaScript Fullstack програмирање
JavaScript е еден од најпопуларните програмски јазици во последните 5 години, а прогнозите покажуваат дека и во наредните години ќе биде во топ 3 на светско ниво.
JavaScript е скриптен или програмски јазик кој ви овозможува да имплементирате сложени функции на веб-страниците – секој пат кога веб-страницата прави повеќе отколку само да седи таму и да прикажува статични информации за да ги погледнете – прикажувајќи навремени ажурирања на содржината, интерактивни мапи, анимирани 2D/ 3D графика, лизгање видео џубокс, итн. – може да се бидете сигурни дека веројатно е вклучен JavaScript.
Со full stack JS, секој дел од веб-апликацијата, и од страна на клиентот и од страна на серверот, се пишуваат со JavaScript и JavaScript алатки.
Зголемена побарувачка на професионалци
JavaScript доминира на пазарот на најбарани програмски јазиции, што е потврда дека инвестирањето во ваква вештина е вистинска одлука. Работните позиции во оваа област се зголемуваат секојдневно, а оваа Академија има за цел целосно да те подготви за да започнеш со работа веднаш.
Remote work (работа од било која локација)
Бидејќи можноста за соработка со домашни и странски компании е целосно базирана преку интернет, секој IT професионалец може да работи од било која локација без притоа да има проблеми со работните активности. Освен тоа, ова отвара можности за соработка со компании од поразвиените пазари.
Како SMX ја спроведува академијата
Обуката ја организираме по највисоки критериуми. Со цел нашите студенти да станат квалитетен кадар во големите ИТ компании. Наша цел е да откриеме посветена група на луѓе кои ќе го научат и совладаат материјалот со собирање апликации, спроведување тестови и интервјуа. Ја дизајниравме програмата за да го надбљудуваме напредокот на учениците и да го прилагодиме темпото, наместо да брзаме низ содржината.
За што ќе зборуваме вебинарот за Fullstack Web Development
Запознај го говорникот на вебинарот и инструкторот на академијата за Fullstack Development
Дипломиран Софтверски Инженер при Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инжинерство,
во оваа индустрија сум над 5 години и моментално работам во брзо-растечки старт-ап во Талин, Естонија. Покрај искуството како Full-stack developer, имам искуство како продукт менаџер, Тим лид и како предавач на академии за програмирање.
Во SMX го предавам Node.js модулот, кој опфаќа back-end програмирање и комуникација со бази на податоци.
ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Што имаме постигнато
Што велат нашите учесници
SMX организира девет-месечна академија за
Fullstack JavaScript Web Development
Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал за да се стекнеш со потребните знаења и вештини да започнеш кариера како IT професионалец.
Зошто академија за Fullstack Web Development во SMX?
Искуството што го стекнавме со организирање на над 180 курсеви и обуки, со над 2000 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.
Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.
Преку нашата академија за Fullstack Web Development, ќе имаш можност да работиш со инструктори кои се максимално посветени да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на IT.
Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден програмер.